Зошто њујорчани повеќе не смеат да пијат Кока-Кола од голема чаша?

04.09.2012 10:36
 Зошто њујоркчани повеќе не смеат да пијат кока-кола од голема чаша?

Од почетокот на септември градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг на рестораните за брза храна, обложувалниците и кино салите им забрани продажба на безалкохолни пијалоци во чаши поголеми од пола литар.

Уште на почетокот на јуни градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг во утринското ТВ-шоу „Добро утро, Америка“ им препорача на сограѓаните дека од на есен ќе можат да пијат безалкохолни газирани пијалоци само од мали чаши. Да се разбереме: во културата „поголемото е подобро“ за мала чаша се смета онаа од пола литар. Бидејќи Американците се најдебелата нација на светот, а безграничното консумирање безалкохолни пијалоци со брдо шеќер и куп калории е една од главните причини на епидемијата на дебеелење, со забраната за нивно точење во чаши поголеми од пола литар градоначалникот одлучи да ги принуди неговите граѓани да започнат да размислуваат за дебелината.

Американците се привикнати на големи порции и количини. Хамбургерот во американско издание е два пати поголем од оној во Европа, па пијалокот се сервира во мегачаши. Во ланецот за брза храна White Castle чашата од 0.6 литри се смета за мала, големата содржи 1.25 литри, а засладен чај се нуди во чаша од 3.8 литри! Во чаша од 1.8 литри наречена Mega Jugs, KFC сервира Кока-Кола која содржи 210 грама шеќер и речиси 800 калории, а во киното AMC Empire на 42 улици на Менхетен, најмалиот пијалок е од литар, два пати повеќе од лимитот на градоначалникот.

Блумберг го спасува здравјето на њујорчани

Ова не е првата акција за спасување на здравјето на жителите на најголемиот американски град. Во борба против пушењето, данокот на цигарите е толку висок што една кутија чини 13 долари, колку и еден пристоен ручек. Блумберг во 2005 година го забрани користењето на штетни вештачки маснотии во храната, во 2008 ги принуди сите ресторани во градот да ја истакнат калоричната вредност на храната, а во 2010 забрани купување на безалкохолни слатки пијалоци со боновите за храна кои ги користат социјално загрозените, и покрај тоа што градоначалникот-мултимилјардер некои весници како The New Yoker го опишуваат како „здравствен-тиранин“.За да ја поткрепи својата најнова одлука за пијалаци, Блумберг наведе стотина студии и бројни застрашувачки студии за дебелина. Секоја година 5800 њујорчани умираат поради последици од дебелина, а во градот има 700.000 дијабетичари. Во најсиромашните делови како Бронкс дебели се 70 проценти од возрасните. Поради проблем со дебелината, САД годишно на болници и доктори трошат 200 милјарди долари, а до 2030 дебели ќе бидат 110 милиони Американци, 32 милиони повеќе од денес, што би можело системот за здравствена заштита да го доведе до колапс.

Во некои делови на САД ситуацијата е многу полоша од Њујорк. Во сојузната држава Индијана 65 проценти од возрасните се дебели, 30 проценти од децата на возраст од 10 до 17 години се болно дебели, а работничкиот град Евенсвил со 120.000 жители на југот од државата со 38 проценти дебели го носи тажниот рекорд на најдебел град во земјата. Гротески сцени од улица потсетуваат на одраз во циркуско огледало кое ја скратува и шири човековата фигура. Градот е преполн со теретани, фитнес центри и има 65 паркови, но во градот нема многу движење. Само навечер на брегот на реката Охајо можат да се видат бездомници, а за време на денот гужва е дури и во чекалниците на автобуското предворје каде што патниците во затегната маици со XXXL големина чекаат превоз, пиеќи засладени газирани сокови од големи вазни за цвеќе.

Живо е во големите трговски центри каде што волуминозни родители со надуени деца џвакаат поховано пилешко, јадат сладолед од лонец и грицкаат семки од вреќи со големина на перница. Не ги импресионира акцијата на нивниот градоначалник Лојд Винек, кој обиколува мали околни фарми и продавници, грицкајќи пред камерите на локалните телевизии моркови и краставици. Бробата против дебелината е чувствително прашање кое на локалните изброи не носи гласови, барем не во Евенсвил, каде што на почетокот на ноември главно случување е фестивалот за храна, еден од најголемите после Марди Грас во Њујорк. Домашниот специјалитет е сендвич со пржен кравји мозок, а се наоѓаат и парчиња од кенгур и поховани табли од чоколада, како во нив да нема доволно калории, па уште треба да се завијат во дополнителни за да се додаде уште малку маснотија.

Зошто Кока-Кола за доручек?

На еден од нашите ТВ канали неодамна беше емитувана епизода од серијалот на Џејми Оливер во која тој залудно се обидува да ги наговори директорите на основните школи во Лос Ангелес да му дозволат во школските кантини да сервира здрав оброк. Бидејќи не успеа да влезе во школите, тој ги повика родителите лично да им покаже што содржи храната која нивните деца ја јадат за време на одморот. Со количината на шеќер која лосангелските ученици неделно ја консумираат низ храна и пијалоци, Џејми го наполни школскиот автобус, но таму имаше толку шеќер што белата лавина го запрета возилото и го претвори во едно големо брдо. Проблемот е да се заштитат прехранбените корпорации, кои би морале да го сменат целиот систем, а тоа е скапо и не носи профит, очекувано заклучи Џејми Оливер.

Нештата тешко се менуваат во Евенсвил, како и во Њујорк, каде што настојувањата на градоначалникот се покажаа прилично залудни. И покрај калориите на мениата, луѓето и понатаму јадат премногу, дури и повеќе од порано, пушачите не се искоренети, а корисниците на социјална помош наоѓаат начин да дојдат до семки и пепси. Блумберговата политика ја поддржува добростоечкиот, мршав белец, додека поголем дел припадници на пониската класа забраните ги доживуваат како напад на амерканските вредности и загрозување на личната слобода. Корпораците, секако, сакат да продаваат повеќе, а не помалку Спрајт, Кока-Кола, Пепси, Д-р Пеперс и Маунтајн Дју, плашејќи се забраната по примерот на Блумберг да не се прошири на останатите градови и сојузни држави. Индустриското лоби поради тоа ја покрена кампањата „Борба на њујоркчани за правото на избор на пијалок“, порачувајќи им на граѓаните дека градскиот татко не е нивна дадилка.

Во седиштето на Кока-Кола во Атланта, компанијата подигна тематски парк и музеј во кој царува шишето на славниот пијалок. Одамна, на самиот почеток, се продаваше во шише од два децилитри, а еден стар плакат го рекламира шишето од пола литар како идеална мерка за три лица. На својата насловна страница дневниот весник USA Today неодамна извести дека три големи национални ланци – Taco Bell, Steak`n Snake и Sonic – планираат агресивна кампања за безалкохолни пијалоци како составен дел од доручекот. Зошто Кока-Кола со доручек? Зашто профитот од неа е поголем од кафето, а гласноговорникот на Taco Bell изјавува дека потрошувачите тоа „самите го сакаат“. На многубројните кампањи во војната против калориите, компаниите реагираат само кога мораат да го сочуваат угледот, па така McDonald`s го повлече менито со суперголеми чаши со сода откако во 2004 се подигна врева по документарецот „Мојот суперголем оброк“. Во последните десет години се намали потрошувачката на засладени пијалоци и се зголеми производството на нискокалорични, но без оглед на таа промена, индустријата и понатаму троши повеќе од милијарда на реклама за слатки пијалоци, обрајќајќи се на најмладите, повеќе отколку што од државната каса оди за здравствено осигурување.

И дали њујоршкиот градоначалник ќе успее со својата најнова забрана на мегаколата? Ден откако го објави тоа, повторно се појави на малите екрани како покровител на Националниот ден на крофната. Во чест на прославата на омилениот американски колач, прелиен со чоколадо, шеќерна глазура и џем, произведувачот Entenmann свечено им донираше на организаторите 7500 крофни – вкупно 2,2 милиони колории. Еве што сè еден градоначалник мора да проголта.

Извор: tprotal.hr

 

 

America... 

America... 

обала = брег додатни =

обала = брег

додатни = дополнителни

наговри

лосангелските

брдо = рид

мршав = слаб

амерканските

загрознување

слобда

Броба

насловна страна = насловна страница

доручекот = појадокот

произведувачката = производството

милјарда (WTF, врв на неписменоста)

обрајќајќи

произведувачот Entenmann свечено донираше на организаторите 7500 крофни = произведувачот Entenmann свечено ИМ донираше на организаторите 7500 крофни

секој ден сте се’ полоши и полоши, да му се невиди, а едно време важевте за солиден портал. жалосно.

Лектор, ви благодарам за

Лектор, ви благодарам за забелешките! Навистина сте посветен и внимателен читател на Окно. Радосни сме поради тоа! Башка што ни помагате, во овие волчји времиња каде што никој не помага и секој на другиот му копа стапица. А вие сте толку широкоград и позитивен - права реткост:)
Но, Лектор, глејте, за мојот јазичен вкус вие сте стара, да не речам ретроградна и доста ограничена школа која во суштина го убива македонскиот јазик. Зашто, на пример, не може да се употребуваат и доручек и појадок?! Што е проблематично во зборот доручек?! Постојат стотици такви зборови, словенски, со долга и раширена употреба кај нас, но кои се „забранети“ од полуписмените и реално необразовани македонски лектори.
За коректорските грешки имате право, но веројатно и самите знаете како денес се создаваат текстови, насекаде. Просто немаме ресурси и организација секој текст на Окно да биде беспрекорен. Но, повторувам, вашите забелешки се добредојдени и благодарни сме ви за нив.

дај бе уредник, не туку

дај бе уредник, не туку тролај, глупак еден

Не само доручек и појадок,

Не само доручек и појадок, туку и брекфаст да се употребува, за Блумберг полесно да разбере кога ја чита Дупкава.

Но уредник, видете, мислам

Но уредник, видете, мислам погледнете ваму, гледате ли нешто, мислам уреду ли е???

напротив, јас не го убивам

напротив, јас не го убивам македонскиот јазик - го убиваат оние кои користат србизми, иако постојат соодветни македонски зборови за истите поими. јас само нагласувам грешки, за оние што сакаат да научат како треба да звучи (да пишува) правилно. за напоредната употреба на доручек и појадок немам ништо против, зашто во суштина постојат и други примери на синоними во нашиот и соседните јазици. сепак, мора да се внимава, зашто со касапење на сопствениот јазик им даваме оружје во рацере на негаторите на нашата јазична засебност. како утре ќе докажеме дека македонскиот јазик не е јужносрпски или западнобугарски дијалект ако над 50% од зборовите во него се чисто српски или бугарски. јас не негирам дека во нашиот јазик постојат и србизми, бугаризми, грцизми, турцизми, па и англицизми кои ги користиме секојдневно, но сепак пишаниот јазик може да биде исчистен од таквите работи, посебно ако за секој таков збор постои соодветен македонски збор. и понатаму ќе продолжам да ги ловам грешките. ако ви е за утеха, и останатите интернет портали се на некое слично ниво (горе-долу, во зависност од медиумот).

Лектор, пак ви повторувам, ги

Лектор, пак ви повторувам, ги уважувам вашите добри намери. Работата со македонскиот јазик не е добра, како и речиси сите други работи во општеството. Вината е до сите (образование, медиуми, култура итн.), но, според мене, вината во најголема мера произлегува од многу лошите јазични кадри кои излегуваат од девастираните факултети по македонски јазик. Таа ригидна јазична политика можеби беше логична од 1945 до 1980, да речеме, кога јазикот беше многу кревок и релативно млад (во својата официјализирана форма). Но, на македонскиот му треба многу повеќе труд, нега, знаење од полициското ловење србизми и бугаризми. Секој јазик постојано се збогатува со нови зборови и нови „насоки на простирање“, и официјално и неофицијално (низ вербален говор, сленг, дијалекти, социолекти итн.) Во Хрватска, на пример, секоја година имаат конкурс за новоисковани зборови во хрватскиот. Некои од тие зборови пропаѓаат, но некои стануваат дел и од речниците и, што е најважно, дел од колоквијалниот говор. Меѓу лингвистите владее едно цврсто правило: кои зборови треба да се официјализираат, да влезат во речниците? Оние што се употребуваат! Тоа начело ми изгледа мошне разумно и либерално. Во тој контекст, мислам дека зборовите од типот озбилно, споро, уиграно (наместо грозната измислица на спортските коментатори: воиграно), доручек итн. - треба да станат дел од речниците. Македонската лексика е застрашувачки сиромашна заради ригидноста и пуризмот на јазикословците. Ако не ви се допаѓаат бугарските, словенечките, хрватските, српските, чешките варијанти (особа, на пример, е чешки збор влезен во српско-хрватскиот во ппочетокот на 20 век, а за кој на македонски сеуште не постои соодветен еквивалент), тогаш вие, „лекторите“, Лектор, измислете нови зборови! Во англискиот секоја година официјално се внесуваат повеќе илјади нови зборови. А ние си чмаеме и будалесто и игнорантски им се потсмеваме на луѓето кои, според мене, правилно со зборуваат: доручек, особа, спор, озбилен итн. Зашто да не го пишуваме се’ уште слеано, ако на мнозинството луѓе тоа им изгледа пологично? Зашто немаме некоја понормална варијанта за зборот официјално (сто пати го употребив погоре) кога веќе строго е забранет распространетиот и тешко искоренлив „званично“? Да завршам: килави се подлабоките знаења за јазикот, кај нас. Децата и возрасните треба да ја знаат логиката, на пример, според која некои зборови се слеани или не. Или логиката кога се употребува у или в (уигран или вогран), зашто викаме ходник а не одник итн.

особа = лице, личност (во

особа = лице, личност (во зависност од контекстот). ама толку знаете, уреднику.

споро = бавно. ама толку знаете, уреднику.

званично се употребува, и немам ништо против истиот збор, зашто немаме соодветна македонска замена.

а за зборот сè уште, луѓето не го пишуваат слеано зашто така им изгледа пологично, туку зашто не знаат како се пишува правилно (патем, уште во средно учевме кои зборови најчесто се грешат во македонскиот јазик). ама толку се слушале на часовите, уреднику.

ако се водиме од логиката дека зборовите треба да се пишуваат како што им звучат на луѓето, ќе се направи една каша-попара од јазикот, па ќе имаме случаи од типот офца, леп, маќедонски, итн. итн.

ама толку знаете, уреднику

само уште ова да го додадам:

само уште ова да го додадам: од ваквите грешки се гледа дека текстовите ги преведувате од српски или хрватски медиуми, наместо од оригиналниот англиски или друг странски медиум. неправилните реченични конструкции ве издаваат, и со тоа ја покажуваат вашата непрофесионалност, вашите импровизации, вашето незнаење и слично.

e jgb lektor, tupush. znaeme

e jgb lektor, tupush. znaeme deka si najpameten-na-svetot, ama od drugata strana pak si glup. najozbilno, t.e. ne-seri/ozno.

а ти, братче, да се пријавиш

а ти, братче, да се пријавиш за нобелова награда за тролање. знам дека не постои, ама ќе ја измислат специјално за тебе. поздрав.

Уредникот држи лекции за

Уредникот држи лекции за “кадрите„ во државата а овде ни продава преведени текстови од други медиуми кои притоа не ги запазуваат ни основните правила на саглам новинарство. Ај што неговиот наводен медиум не може да произведе материјал, туку не знае ни да избере. Преведува текстови полни со основни, неистражени грешки, резултат на глупи балкански стереоти од кои производ е и неговото его. Уреднику, Американците не се најдебела нација на светот (види Саудиска Арабија, Микронезиа, Тонга итн). Блумберг не забранил купување на безалкохолни пијалоци со бонови за социјална помош, само предложил. Овие две грешки се во првите два пасуси уреднику. Ама ти само препишуваш, нели? Проверувањето на информацијата не е важна, оти за препишувачот е важно да лапне една двојка, не му треба петка, не? А и што е важно дали америка е најдебела или 5та по дебелина, што е важно дали забранил или предложил... има посериозни работи и проблеми во светот со кои треба да се замарате, нели? Груевски на пример. Таму нема фактографски грешки. хахахах И ти држиш лекции за професионализам? Па вие потфрлате во основни текстови за забава, не дај боже да се зафатите со нешто посериозно.

У реду Маре, еве кажи Маре,

У реду Маре, еве кажи Маре, што сте направиле, да споредиме по квалитет, а богами и квантитет, со оглед на горе-доле волонтерскиот формат, на овој портал вода можат да му носат комплет сите ТВ портали, а богами и пропаднатите весници и просечните партиски копи-пејст портали, вака кратко, еве кажи што си направила во група или самостојно, доста само дроб-сармички, доста, направете нешто, понудете, јавете се, волонтирајте, побарајте се, направете, ја стварно ги повикувам уредниците на окно, да направат еден линк горе за волонтери, па да видиме кој се ќе се појави, доста трескате, мокрите и плачете, не е совршено и тоа се признава, што сакате, покно е розорче кон светот, но достојно, ајде направете нешто, доста, ааааман више..

а бе, да не сакате и дома да

а бе, да не сакате и дома да дојдеме и да ви зачистиме, онака волонтерски. плаќате пари за преведувачи, барем најмете способни луѓе, а не неписмени или полуписмени деца. и најмете лектор, со закон е пропишано тоа. не морате мене, најмете друг, само да прочитаме еден нормален текст на македонски без притоа да превртуваме очи од банални грешки.

зошто волонтери бе уреднику,

зошто волонтери бе уреднику, дај ги парите што ги земаш од Сорос и ќе покажеме. Не може бе уредниче да си ги трпаш парите во џеб, а тука да се вадиш на волонтери. срамота е.

Еве сега научив нешто за

Еве сега научив нешто за надворешната политика на Америка, имено на емисијата Гласот на Америка, чув од бившата Државна секретарка на САД, дека силата на Америка е во соработката, тоа е нешто научив, ајде поучи ме/не нешто, Марија.. кажи сине.

параноикот шмиколај шмлаченоф

параноикот шмиколај шмлаченоф од фашистобугарската паранормална територија вулгарија со најава за жолта линија во односите со соседот по папочна врска сроден (тоа порака до пастирот да престане со далњчинско да командао ќе се дешава и мракоња и да дојде од измир, овај бурунди-мајами и да си седне кај шо му е место, у блада и да ги реши шизматиците од ШМУИ), вреден ем украден, покварен ем уназаден, антифашистички ем антиколонијалистичко антидинастички и сите тие варијанти на умисленост, жута према тоа е линијата на мрднатиот министер со жута книга и болест на лудило, изнемоштеност и параноја дека некој го брка, министерот од лудачката линија жутаци, шмрколај шмрљачев ем мрсулоф, мрсул еден мрднат жутокљунец, ќе и ебавал мама на мајка-агонија ко да ние не знаеме дека тука вмрофската капетанија е мрдната и жута по своја суштина според зградата од која се команда, удрена, глупа и одбегана до толку што ние тука се гордееме на нашиот непокор и отпор, на нашиот врамен облик на израз неизраз така-речи писмо у шупак до пупак за секој лектор коректор одроден прдеж; према тоа жутата линија е линија на манијакално задоволство, ѓаволство и просташтво, јебига у валгарија пак владее еден најобичен тепач со копилиња кумови министри говна мрднати будали шо прават линии за ново лудило и лудачки азилуми, морон шмлаченоф идијот вулгарак, смрден бугар.

(тоа е порака до пастирот да

(тоа е порака до пастирот да престане со далечинско да команда и да дојде на пукаљката дешавка у мракоња од измир, овај бурунди-мајами и да си седне кај шо му е место кај педерската градинка и да почне да ги љуља овие у блада и да ги реши шизматиците од ШМУИв - шизомрднати умоболни вмрофски изживувачи)

лектор не дел свеж терапи воздух одамна, будалетинка

У да тибам, пак Мирко ми

У да тибам, пак Мирко ми дробел печурки во хашишот...

Фала ти ко брату за

Фала ти ко брату за брендирањево. Имево ми се шири ко митот за Зоро. (До скоро се глеав себе више ко Валтер, јебига, комуњарска деформација). Со дизајнериве размишљам и за еден Зоро потпис (со К, додуше, што асоцира и на Кафка, на Процес, можда?) што би го упражњавал врз некои од дебелите гзови на изродбеничките нагоени свињи што го испокрадоа народот (или V да фркнам, помодерно обележје?). Уствари, и ко Фантом почињам да се осеќам, може и некој таков знак, лобањче во муцките на груевистичките ниткови? Добра идеја! Ама све почива на усмена предаја и на ширење на митот. Ради тоа, Kolja, фали ти, ко брату, уш еднаш!

Не, не В, остај го К, како

Не, не В, остај го К, како Куроглав.

Delusions of grandeur.

Delusions of grandeur.

ОкоБоли главаВицФото