D & D

20.02.2018 13:21

Пространството на ходникот
тера на галоп
се прашувам кој ден е
колку е часот
од каде сум долетала
халите ме носат
нема многу луѓе
да брзаат
освен моделите на билбордите
да стигнат
белите лица
да влезат.

Излез С16.
Ја чекам торбата.

Млади полицајци
водат млад пес,
големото шмркало за дрога
супершпионот
познатото душкало,
ги осети сендвичите во мојата торба.

Кучињата фантазираат
за крцкаво пилешко
за морков
за чоколада.

Песот седнува
ја подигнува главата: таа носи таа го има во кесава тука
еве баш овде она што го бараме.

Ме потсетува на песот на пријателка која тоа не беше.

Сите патнички глави во моја насока.
Шепотам ‒ тоа се сендвичи.
Отвори ја кесата!
Покажувам, њам њам.
Отвори ја кесата!
Отворам. Сендвичи.
Главите на патниците се кикотат.

Се плашам да не го казнат песот, не знам за дресурата,
не знам како постапуваат.
Го погалувам.
И мислам за d&d
dogs
and drugs
што можеше да биде во сендвичите,
што не ги ни пипнаа.

Превод: П. В.

Јелена Анѓеловска, живее меѓу Белград и Нови Сад. Драматург, пишува поезија и драми, организира поетски вечери. Феминистичка активистка Против насилството спрема жените, За прашањата на нехетеросексуалните жени, На демонтирањето на општествените хиерархии. Работела како конобарка, новинарка, консултант за жени под насилство итн. Објавила две поетски збирки: Домовина, бес машина (2013) и 09:99 Ујутро (2016).

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото