Автомобилите не се автомобилчиња

19.02.2018 12:54

Таа од дваесет,
живеам негде.
Постојам со младостите
на други луѓе.
Оти од година во година
младостите се пакуваат.
Се складиштат
променетите полови
на младоста за староста.
Од година во година
не можам да исчезнам,
таа избегала од дома
таа противничка на богатите,
спакувана сум негде
таа од дваесет.

Ова е мал град
за возење какво што ми треба.
Ми треба
да возам со заврзани очи
да се зачукувам од ѕидови
да прелетувам мостови.

Овде има неколку узбрдици
и тоа е тоа.

Отсекогаш сум се возела.
Со велосипеди.
Лимузини.
Имаше време
на личен возач.
Имаше време
на пешачење.

Се возам надвор од градот.
Не гледам коли
не гледам пат
за да се смачкам од дрво
и денес
таа сум која би останала жива.

Светлата вриштат во моето лице
се менуваат
чувствувам дека имам дваесет,
секогаш исто во градите.

Превод: П. В.

Јелена Анѓеловска, живее меѓу Белград и Нови Сад. Драматург, пишува поезија и драми, организира поетски вечери. Феминистичка активистка Против насилството спрема жените, За прашањата на нехетеросексуалните жени, На демонтирањето на општествените хиерархии. Работела како конобарка, новинарка, консултант за жени под насилство итн. Објавила две поетски збирки: Домовина, бес машина (2013) и 09:99 Ујутро (2016).

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото