Обратно

06.04.2018 03:03
Обратно

Својот следен живот би сакал да го проживеам наназад. Почнуваш мртов, а потоа излегуваш на пат. Потоа се будиш во старечки дом чувствувајќи се подобро секој ден. Ќе те исфрлат оттаму зашто си премногу здрав, одиш да ја подигнеш својата пензија, а кога ќе почнеш да работиш добиваш златен часовник и журка за својот прв работен ден. Работиш 40 години додека не станеш доволно млад за да се повлечеш од работа. Потоа, почнуваш да излегуваш, да пиеш, да стануваш генерално промискуитетен и потоа си подготвен за средно училиште. Потоа, тргнуваш во основно училиште, стануваш дете, си играш... Немаш одговорност, стануваш бебе сè додека не се родиш. А, потоа, своите последни девет месеци ги поминуваш пливајќи во луксузен спа центар, со услови како што се централното греење и собна услуга на точење, повеќе простор секој ден и потоа, види чудо... Ќе завршиш како оргазам!