Барањата на Рамбо Амадеус

20.04.2018 02:16
Барањата на Рамбо Амадеус

1. На таблоидите и шунд телевизиите да им се одземе правото на информативна програма и објавувањето вести од политиката, какви било политички емисии. Ред цицки, ред газови, ред политичари – нè деградира и нас и власта.

2. Независна студентска комисија да ги среди гласачките списоци, наводно има повеќе гласачи од полнолетни граѓани.

3. Воведување законска обврска за гласање – демократијата е заложник на неодговорни апстиненти. Најверни се очигледно оние што земаат пенкало во рака еднаш во 4 години, па никако не сакаат да го пропуштат тоа доживување. Најнеодговорни се оние што мислат дека знаат сè, што се однесуваат како тоа да е избор за мис, па „никој не им се допаѓа“.

4. Да се ограничи минутажата за појавување на политичарите на телевизија. Овој се појавува 100 пати повеќе од Тито. Се сеќавам дека Тито само првите 5 минути беше на вести, а говори држеше само кога имаше некоја фрка или прослава, еднаш во 3 месеци. Овој е на телевизија повеќе од спикерот.

5. Во информативните емисии да се укинат информациите кој што рекол, да се остави само кој што направил. Што навистина се случило. Од паламудење не се разликува што е а што не е.

6. Секоја вечер на ТВ дневник да се покажуваат графикони од надворешниот и внатрешниот долг, бројот невработени, топ листа на просечни примања во Европа.

ОкоБоли главаВицФото