Македонските работници втори во Европа по ризик од сиромаштија

02.05.2018 12:09
Македонските работници втори во Европа по сиромаштија

Според податоците Еуростат, секој четврти работник/работничка во Македонија живее под ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Дури 26,4 отсто од вработените, над 18- годишна возраст, можат да осиромашат.

Тоа е втора највисока стапка на работничка сиромаштија во Европа. На последното место во Европа според овој показател е Романија.

Под најмал ризик (3,9 отсто) за сиромаштија во Европа се работниците во Финска, на второ место е Чешка.


Извор: Рефлектор