Мостови

11.05.2018 17:02

1.

Велат дека зад себе
ги урнав сите мостови
како да е можно да се урне нешто
што не било изградено.

Велат дека сум
конфликтна личност
како да е можно да се согласуваш
со понижување на луѓето.

Велат дека ја урнав
словенечката поезија;
можеби, но таа најпрво
би требало да постои.

Да е навистина поезија не би можеле
ниту би сакале да ја урнеме. Би танцувале
и би пееле од радост воопшто да е.

Велат, велат, велат.

Нивните мостови од предрасуди.
Нивните песни од појави и липтежи.
Нивното слатко кимање пред властите.

II.

Драги мои поетски камелеони
браќа и братучеди на минерите
на мостот во Мостар!

Сите мои мостови сè уште стојат.
Изградени се така
што не можат да се урнат.

Не сите,
но некои од моите песни
им се внатрешни потпорни столбови.

Моите општествени конфликти
се нивното сврзно ткиво потребно
статиката да е цврста, а еластична.

Моите мостови се мои мостови,
и ве лути што не се и ваши.
Присвојувањето веќе е невозможно!

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото