„Епот за Гилгамеш“ на сумерски

30.05.2018 13:52
Епот за Гилгамеш на сумерски

„Епот за Гилгамеш“ е едно од најстарите познати ремек-дела на литературата и се смета дека за првпат бил запишан од Сумерите околу 2100 п.н.е.

Древниот Сумер е првата светска цивилизација за која е потврдена писменоста и евидентирана изградбата на сложени градски средини. Тоа била земјата која се наоѓала во долината помеѓу двете реки, Тигар и Еуфрат, во Месопотамија, денешен Ирак.

Јазикот што го зборувале Сумерите немал врски со семитските јазици на нивните соседи, акадците и вавилонците, и бил пишуван слоговно, еден вид на азбука наречена „клинесто писмо“.
Клинестото писмо се пишувало на глинени плочки, во кои се втиснувале знаците со парче трска (стилус). Отисоците имале форма на клин, по што писмото го добило името.
Кон 2000 п.н.е., јазикот на Сумер речиси целосно исчезнал и бил користен само од учените (како што е случај со латинскиот денес).

На ова видео ќе можете да ја слушнете изведбата на канадскиот музичар Питер Прингл (Peter Pringle) во дворот на палатата на Набуходоносор во Вавилон. Во оваа четириминутна изведба можат да се слушнат неколку од почетните стихови на епската песна, придружени од звуците на сумерската лејта со долг врат и три жици, позната како „гишгуди“ ("gish-gu-di").  

Никој не знае како бил изговаран јазикот на Сумерите, бидејќи не е чуен веќе цели 4000 години, па ова претставува само еден обид и мал увид за тоа како звучела музиката на древниот Сумер.

Извор: Peter Pringle

 

Слични содржини

Уметност / Теорија / Музика / Историја
Графички Дизајн / Уметност / Музика / Историја
Европа / Свет
Култура / Музика / Историја
Книжевност / Музика / Историја

ОкоБоли главаВицФото