Индија е најопасна држава за жените

29.06.2018 10:59
Индија е најопасна држава за жените

Најопасната држава во светот за жените е Индија, додека САД се наоѓа на десеттото место. Новото истражување на фондацијата „Томсон Ројтерс“ ја стави Индија на врвот на листата поради високиот ризик од сексуално насилство и присилна работа.

„Се имам соочено со прогонување, допирање, непознати луѓе ми се јавуваа од непознати броеви. Ве прогонуваат, се обидуваат да ве допрат, ве соблекуваат. Навистина е лошо“, кажуваат жените во Индија.

Поминаа повеќе од пет години откако светот беше потресен од веста за групното силување и убиство на студентка во Делхи, а експертите велат дека во Индија не е направено доволно за безбедноста на жената да биде национален приоритет.

„Премногу се чести случаите кога маж во преполн автобус ќе застане зад вас, користејќи го тоа како оправдување да ве допре и да ви прави други работи. Додека растев, јавниот превоз за мене беше извор на терор. Никогаш не знаете како мажите ќе ве гледаат и како ќе ве допираат“, велат Индијките.

Бројот на злосторства над жените во Индија порасна за 83 отсто помеѓу 2007 и 2016 година. На секој час се пријавуваат по четири случаи на силувања, а се претпоставува дека многу повеќе случаи остануваат непријавени.

Ова се случува затоа што не постојат сет закони што властите треба да ги донесат. Ситуацијата е дефинитивно лоша и секако дека причината за тоа е патријархалното размислување. Сексизмот со кој се соочуваме е секојдневие, како и фактот дека жените се сметаат за помалку вредни.

Иако САД се наоѓаат на десеттото место на листата со најопасни држави за жените, се наоѓаат и на третото место, заедно со Сирија, кога станува збор за вознемирување, ризик од сексуално насилство и присилен секс.

„Постојано се среќавате со вербално вознемирување“, вели една девојка од САД.

„Ме допираше иако му велев дека имам момче и се обидував да си заминам“, вели друга.

Најопасни држави за жени се: Индија, Авганистан, Сирија, 
Сомалија, Саудиска Арабија, Пакистан, Конго, Јемен, Нигерија и САД. 

Извор: CNN

ОкоБоли главаВицФото