Луѓе сме - грешиме!

16.07.2018 02:35
Луѓе сме - грешиме!

Дедото на малата Тамара, пукаше во министерот за здравство, и не погоди.
Но, доби 7 години затвор.
Колку ќе добиеше ако не промашеше?
Ако не се исплашеше!
Ако, револверската цевка, кога кон министерот се вперила, старечката рака од тага, возбуда и болка по внуката, не затреперила!
Навистина, ако место изнемоштено, во него злосторничко срце биеше,
Колку долга затворска казна дедото на мртвата внука ќе добиеше?!
Јас не попувам. Не сакам да велам дека ова е тешка судиска грешка.
Туку само прашувам и се преслушувам.
Обично ќе речеме - луѓе сме, грешиме.
Зарем судиите не се исто така луѓе кои грешат?!
Во мене, да бидам искрен, некоја сомнежна мрежа се плете.
И еве, прашувам, зошто Тамара стана наш симбол, наша болка, наше дете?!
Каде потонаа, каде исчезнаа на нејзините убијци трагите.
Згасна невин детски живот - останаа на багрите лагите!
Масовните убијци, криминалци, злосторници, режимски циници, човекождерци,
недопрени дрско парадираат под нашите прозорци!