(затоа е утрото...)

02.08.2018 19:19

затоа е утрото,
за да заминеме далеку
во Сен Мари де ла Мер
автомобилите ја рамнат песокта
во Арлес се креваат ќепенците
господинот од пекарницата
и понатаму те чека да дојдеш
твојата кифла со зеленчук е сѐ уште жешка.

Во Непал бегонијата се јаде.

и главата на ламјата паѓа
зад нашите плеќи
ја слушам сè поблиску до асфалтот
воздухот шушка
искубан при паѓањето
само бучавата на моторот
што нè води потаму
може да го прекрие
сето она што останува зад нас.

Превод: Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото