Арамија од раскрсница

12.10.2018 04:19
Арамија од раскрсница

Барај ме – не барај ме

И кога љубовта не е лага
И кога нема врска со неа
Не барај ме
Кога ми требаш барај ме
Не барај ме
Кога јас нешто ти требам
Барај ме
Кога ми требаш

 

Е пријателе

Раскажуј пријателе мој
Не сум те видел сто години
Ми фалеше да ти кажувам
Колку добро си поминував
у салата на Кошаркарски сојуз
Седна до мене една убава девојка
А знаеш каква беше убава пријателе мој
Тоа е добра девојка
Сто години те нема
Ја стално зборам кај е оној сликарон
Стално мислам на тебе
Ми недостигаше
Ми фалеше
Знам дека и ја тебе ти фалев

Марија

Марија, сакам да ги соберам сите бендови
И тоа да биде мојот бенд
Сакам сите женски да дојдат на Ново Доба
Сакам да не седам дома и да блеам
Сакам да искачам со другарките
Ја на дечките би им го купил поклонот
Шо ми се свиѓаше
И кој најбоље би бирал облека
А за дечките сако или јакна
Многу поздрави Марија
Да ми се јавите
Па после ќе идеме на друго место
А после идеме у Земун
Па го местиме појачалото
И носиме публика
Ќе има тука многу луѓе
Сите ќе викаат
Сакаме уште
Ќе има гласна музика
Ќе останеме до касно
Ќе има кетеринг
Не е сеедно – Нектар
И кога ќе заврши го пакуваме појачалото
И го носиме у Загреб

Демонстрации

Они ја запалија џамијата
Па знамето целото вака...
УА Франција, УА Франција
Па они ги земаа тоа флашите
И сите ливчиња ги ставија на Барак Обама
Соединетите Американски Држави – Колумбија
Па сѐ гореше
Па после дојдоа Србите
УА педеру, УА педеру
УА будали француски
Французи крв да се напиете
Тоа се најбољи будали шо ja ги имам видено
Ама има уште
Па ги запалија контејнерите
За да не им простат на Србите
Французите скинаа живот
Го шутнаа со нога, тресна со глава
Го бутнаа у канализација
Па викнаа две комбиња и три обезбедувања
Двајцата Французи ги пратија зад решетки


Нов ден

Ангела Меркел е мажена
А има маж
Не знам точно како се вика
Датумот – небитно
Она има седумнаесет години
Мислам дека бeше млада
И се бавеше со политика
Тогаш почна да го потпишува договорот
А после се состануваше со Александар Вучиќ
Па Дуле рече:
Не може Кори Удовички
Ама има нешто друго
Таа е мажена и има две деца
И има една ќерка
И ќе роди едно бебе
Така рече на вести
Така јави Н1

Слики: Yves Tanguy

Превод: Еѓуп Скокотле

Слични содржини

Книжевност

ОкоБоли главаВицФото