Сатирично – носталгичните цртежи на Милстајн

22.10.18 02:08

Носталгичен, детален, топол, смешен – вака во неколку зборови својот стил го опишува канадскиот илустратор, аниматор и графички дизајнер, Илја Милстајн (Ilya Milstein) кој живее и работи во Њујорк.

Своите цртежи и илустрации ги објавува во „The New Yorker“, “The New York Times“, „Apple“, „Monocle“, „Mr Porter“, работи и за комерцијални компании. Интензивно изложувал во галерии и музеи во Австралија и во САД. Познати се неговите цртежи на улиците на Њујорк во 80-тите години, на кои може да се видат познати личности од тоа време како Дејвид Војнарович, Силвија Вудс или Енди Врохол.

„Најмногу сакам да учествувам во проекти кои вклучуваат историски и уметнички референци“, вели Милстајн.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Филм / Око / Историја
Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото