„Меѓу светлината“ - фотографии

19.10.20 11:50

Серија насловена „Меѓу светлината“ на фотографот од Њујорк, Џеки Џек (Jackie Jack) ја доловува дневната атмосфера во кинеската четврт, пред пандемијата.

Џек ја истражува културната разновидност на соседството низ тесните улички и нејзината повеќеслојност преку детали или фотографии што личат на колажи.

„Мојата намера при создавањето на овие фотографии не беше само да ги откријам културата на заедницата, сакав да создадам визуелен наратив, претерувајќи со контрастот на сенките за да имитирам театарски момент и да ја изразам идејата за коегзистирање помеѓу заедницата и изолацијата на имигрантите “, вели Џек.

Извор: booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото