Добре дојде дома

27.10.2018 12:06
Добре дојде дома

од каде столчево
на ова место
и зошто Лаки не лае
а мојата птица кај е
сакам да знам што се случи
со старото вишново стебло
и кој го скрши
огледалото во бањата
и каде исчезна сјајот
од твоите очи
зар толку долго
ме немаше.

Извор: Crni molitvenik, LOM, 2015.

Слика: Eric Roux-Fontaine

Превод: Еѓуп Скокотле

ОкоБоли главаВицФото