Мерилин Монро како маж, Јапонец

03.12.18 02:44

Сите сакаат да бидат холивудска ѕвезда. Тоа го сака и јапонскиот уметник Јасумаса Моримура (1951), кој живее и работи во Осака.

Во серијата автопортрети, тој убедливо влегува во улогите на легендарните филмски актерки, од Одри Хепберн, преку Мерилин Монро до Ингрид Бергман и Грета Гарбо.

Но, Моримура е повеќе од само најпознатата уметничка „drama queen“. Со апропријацијата на уметничките икони на западниот свет, тој се занимава со прашањата за културно и сексуално присвојување постојано ги истражува идеите за потрошувачка на сликата, идентитетот и желбата: Може ли Мерилин Монро да биде секси ако е маж и - Јапонец?

Во фотографиите, Моримура ги живее своите невозможни соништа да биде „друг", провоцирајќи ја колективната свест на Западот, претворајќи се во жените по кои, тој Запад најмногу копнее.

Извор: artnet

ОкоБоли главаВицФото