Симит погача е бурек полн со себе

17.12.2018 03:47
Симит погача е бурек полн со себе

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Златко Гиров, Марко Гучески, Немања Трајковиќ , Владимир Мартиновски и Милан Дамјаноски.

 

Тања Аждаја
Јуфки се неорганизиран бурек.


Златко Гиров
Детски лазањи.


Марко Гучески
А мислиш tagliatelle се поорганизирани?!


Немања Трајковиќ
Раскопчани макарони.


Тања Аждаја
Јуфка е макарона-стриптизета!


Немања Трајковиќ
Или макарона-егзибиционистка!


Владимир Мартиновски
Гибаница е разгибан и набилдан бурек после фитнес


Тања Аждаја
Пита е радознала гибаница.


Милан Дамјаноски
Празен бурек е пита без одговор.


Тања Аждаја
Симит погача е бурек полн со себе.


Златко Гиров
Копита не се китат. Копита се чапунки, Тања?


Милан Дамјаноски
Тања, мижи кроасан да те лапам.


Тања Аждаја
Откако го примија во лисНАТО носи мини seven days.


Милан Дамјаноски
„Падна на тесто“ - има уште многу бурек за јадење додека да помине.


Тања Аждаја
Ќе го тегнев за кора, ама видов дека веќе се осеќа прекорено.


Слики: Брадестиот Џо

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото