До пратениците од мнозинството, особено оние независните ака „непартиските”

29.12.2018 12:43
 До пратениците од мнозинството, особено оние независните ака „непартиските”

Последици

Вмро не го паднаа протестите, ниту бомбите, ни вашите имиња на листите а ни очајната кампања со која сепак изгубивте избори. Вмро падна во моментот кога почна во секој од нас да се креира слика за подобро утре, кога беше толку силно сознанието дека можеме многу подобро од тоа, кога почнавме од длабока летаргија да стануваме идеалисти, борци за она во кое веруваме. Таа слика во нашата глава беше толку моќна што ни овозможи ко Гери Купер сами да им се испречиме на барабите. Таа колективна хипноза ве стави вас во позиција на колмејкери, на претставници на нашата волја. И што се случи? Вие како наши претставници либерализирате закон за висока корупција и гласате амнестија за истите оние на кои им порачувавте дека ќе си лежат. А можеше сè ова да се изгласа и без тие 3, 4 независни гласа или бар без тој еден „легитимен претсавник” на движење кое гласни жици и живци остави борејќи се за правда.

Ова што се случува деновиве, во квечерието на оваа година е еден од најопасните феномени што можеа да и се случат на Македонија. И не оти Бети нема да оди во затвор или дека Крсто си пичи со тендери и се осеќа ко слободен човек туку дека со сите овие срања нагалено наречени “политички прагматизми” се случува обратен процес во нашата глава. Сега од идеалисти, луѓе спремни да прават чуда направивте летаргични циници кои едвај собираат сила статус на фб да напишат. Тоа, не толку драги пратеници, е состојба која ниту ЕУ ниту Нато можат да ја поправат.

Вие како моментален состав на собранието сте една од најголемите несреќи што ѝ се случиле на оваа држава, барабар со режимот. Оти вашиот недостигот на интегритет и хронична неспособност да се согледаат последиците на она што го правите ни малку не се покрива со извесна „повисока цел”. Тоа се само приказни кои меѓу себе си ги кажувате дур се дебелеете по кафани.

Вие ми одржавте лекција за очекувањата и последиците од мојата наивност и верба, се надевам дека ќе имам можност да ви ја возвратам услугата.

 

Слика: Свирачиња 

ОкоБоли главаВицФото