Расте бројот на македонски ученици кои немаат основна писменост

01.02.2019 03:05
Расте бројот на македонски ученици кои немаат основна писменост

Повеќе од половина од учениците во државата по завршувањето на основното и средно образованието се на ниво на неписменост. Тие немаат основни знаења за успех во животот. Стагнираат и во постигнувањата на меѓународните тестирања. Овие поразувачки податоци се објавени во Нацрт-Извештајот подготвен од стручен тим на Организацијата за економска соработка и развој, направен минатата година. Оттаму посочуваат дека проблемот исто така може да се лоцира и кај наставнииците и професорите, доколку сооодветно не се вреднува професијата и не ја добиваат соодветната подршка не можеме да имаме високфалификувани и обучени наставници.

„Постои висок процент на ученици кои не ги развиваат основните компетенции што им се потребни за успешност и напредување. Повеќе од 50% во тестирањето во 2015 не покажале основни компетенции во математика, природни науки и читање.“ , вели Хана Кичен, ОЕЦД.

Од УНИЦЕФ исткнаа дека е потребно образование кое на секое дете ќе му овозможи најдобра шанса да го развие својот маскимален потенцијал во сите фази од животот. Инаку, за писменоста на младите во Македонија прв пат се покренаа дебатите поради економскиот извештај на Светската Банка за Западен Балкан од 2017 година, кога излегоа со податоци дека во Македонија две третини од младата поулација е функционално неписмена. Од 70 рангирани земји во светот, Македонија е на 68 то место, пред Косово и Доминиканска Република.

Нацрт-извештајот содржи и препораки за реформа на националното оценување, ревидирање на државната матура како и функционален систем за професионален и кариерен развој на наставниците.

„Овој извештај потврдува дека еден од најитните чекори што треба да го направи земјата, кој воедно ќе даде и најмногу резултати, е да се даде приоритет на квалитетот на наставата и компетенциите на наставниците. Наставниците кои имаат мотивација и компетенции се најголем двигател на образованието. Тие може да помогнат да се намали јазот во образовните постигнувања и долгорочно да се зголеми конкурентноста на младите од земјата и можноста за вработување“, посочи Елспет Ериксон, заменик претставничка на УНИЦЕФ.

Како дел од специфичните препораки, прегледот ја увидува потребата да се изработат доследни стандарди за учење и во тој процес да се даде приоритет на воведување стандарди за учење на читање и пишување од 1 до 3 одделение, како и да се усогласи оценувањето на секој ученик со националните стандарди за оценување и оценките да се користат за следење на учењето и поддршка, а не за рангирање на децата.

Се препорачува да се работи на отстранување на пречките за формативно оценување, да се отстранат строгите временски рокови во наставниот план и наставникот да има повеќе флексибилност во прилагодување на наставата на потребите на учениците. 

Според наодите од извештајот, процентот на наставници кои биле вклучени во некои форми на стручно усовршување во нашата земја е за два пати помал од процентот на наставници кои посетувале слично професионално усовршување од други земји во регионот.

 

ОкоБоли главаВицФото