Форум театар „Спречи насилство, не биди само сведок“

13.02.2019 02:04
Форум театар „Спречи насилство, не биди само сведок“

На 16 февруари, средношколци од 6 средни училишта на град Скопје ќе го артикулираат својот глас против врсничко насилство. Средношколците ќе прикажат примери на врсничко насилство преку методот на форум театар како креативна алатка за изразување и пронаоѓање решенија.

Креатор на Форум театарот или наречен уште и театар на угнетените е Аугусто Боал кој го гледа театарот како форма на искажување на сопственото мислење и со формирање на театарот на угнетените (форум театарот) и дава можност на публиката да си го искаже своето мислење и да реагира со цел да се реши одредена ситуација. По изведбета на претставата е предвидена дискусија за прикажаните примери и отворена дискусија за врсничкото насилство во средните училишта.

На изведбата се поканети ученици, професори, родители и сите останати засегнати страни коишто сметаат дека може да се вклучат во решавањето на проблемите со врсничко насилство. Форум театарот е уникатна платформа којашто на публиката ќе и овозможи да се вклучи во интервенирање за време на изведбата и да предложи решенија за надминување на врсничкото насилство.

Настанот ќе се одржи оваа сабота, 16 февруари во 16 часот во Јавна соба.


 

ОкоБоли главаВицФото