Учесничките на Пич Прич раскажуваа приказни на темата „Бев сама“

12.04.2023 12:02
Учесничките на Пич Прич раскажуваа приказни на темата „Бев сама“

На 6 април, пред публиката во исполнетото Кино Фросина, беше оддржано единаесеттото издание на Пич Прич, на тема „Бев сама“. Настанот истовремено беше најава на фестивалот за промоција за феминистичка култура и акција „Прво па женско“ во продукција на Тиииит! Инк.

Учеснички во ова издание беа шест раскажувачки: Силвија Митевска, Сара Климоска, Ана Гојлешка, Арбнора Мемети, Дафина Николовска и Ида Протугер.

Темата е избрана како коментар на скорешните актуелни теми поврзани со вестите кои известуваа за кривични дела, кои се случиле кога жени низ сплет од околности се нашле сами со сторителот.

„Темата претставува и коментар на недостатокот на системска поддршка со кој се соочуваат жените во исполнувањето на многубројните улоги во општеството – од најтрадиционалните, па сѐ до оние кои се сметаат за нетипични (раководни и политички функции, спорт итн.). Гледано од спротивната перспектива, бидувањето сама во смисла на сопствената соба на Вулф е оној простор на слобода неопходен за еманципација и ослободување на женската креативност“ - појаснуваат организаторките.

После настанот во бифето на кино Фросина, диџеј сет имаше DIAH.

„ПичПрич“ е авторство на Ана Василева и Румена Бужаровска, заедно со „Тиииит! Инк“.

Настанот беше поддржан од Шведска и фондацијата „Kvinna till Kvinna“.

Првото издание на Пич Прич беше во 2016 година, а прерасна од натпревар на слем поезија.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од настанот на Небојша Гелевски.

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја
Општество / Активизам / Фотографија / Став
Општество / Активизам / Фотографија
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан
Фотографија / Книжевност / Култура / Настан

ОкоБоли главаВицФото