Песимистички водич за иднината

12.10.2010 12:13
Песимистички водич за иднината

Овој познат и популарен канадски писател ни го открива обликот на нештата кои допрва треба да дојдат, со соодветни објаснувања и цинични коментари чија задача е да ни помогнат да ја сфатиме заебаната иднина.

1. Ќе стане полошо

Нема да има сладок напредок. Лифтот само оди надолу. Светлото нешто е во тоа што лифтот, кога-тогаш, мора да застане.

2. Иднината нема да ја чувствуваме футуристички

Едноставно, ќе ја чувствуваме чудно и дека-немаме-контрола-врз-неа, онака како што е сега, бидејќи премногу нешта се менуваат пребрзо. Причината зошто иднината ни е чудна е поради тоа што е непредвидлива. Ако иднината не ја чувствуваме неочекувано чудна, тогаш нешто не е во ред со неа.

3. Иднината ќе се случи без разлика на тоа што ќе сториме. Таа ќе се чувствува побрзо отколку сега

Наредната низа триумфални технологии ќе се оствари без оглед на тоа каде или како. Не само што технологијата ја диктира иднината, туку на крајот таа и ја одбележува. Единствената непозната овде е стапката на уддел која новите технологии ќе ја имаат во нашите животи. Овој технолошки детерминизам, со чувството на очекување на новата технолошка ера, претставува една од ознаките на наредното десетлетие.

4. Ќе поминувате многу од вашето време чувствувајќи се како куче заврзано за шипка пред продавница – нервозата предизвикана од стравот од одвоеност ќе биде вашата постојана состојба

5. Средната класа е изгубена. И нема да се врати

Се сеќавате на агентите за продажба кои одеа од дом во дом и ни нудеа сè и сешто? Се сеќавате ли како наеднаш ги снема еден ден?

Ова ќе им се случи и на останатите професии кои порано нè сместуваа во средната класа. Сепак, ова нема да ги спречи луѓето да се поистоветуваат со средната класа. Уживајте во новата монокласа!

6. Обидете се да живеете покрај станица од подземната железница

Во свет со ненормално високи цени на горивата, становите покрај станиците на метрото ќе бидат едиствените кои ќе ја задржат својата вредност како недвижнина.

7. Предградијата се проколнати, посебно оние градени во калифорниски стил

Поранешните домови ќе се претворат во места за собирање на банди, чудаци и луѓе кои извршуваат незаконски активности.

8. На истиот начин како што не можете да се вратите на користење побавен компјутер, вие никогаш нема да можете да се вратите на помал степен на поврзаност

9. Старците повеќе нема да бидат изгубени

Нема повеќе „прашај го Гугл“ зашто старците во иднина ќе бидат помлади.

10. Очекувајте помалку

Не ништо, туку само помалку.

11. Уживајте во марулата додека сè уште можете

И сето друго свежо овошје и зеленчук. Уште малку и ќе ги купуваме во тегли и во конзерви.

12. Нешто поумно од нас ќе се воздигне

Ви благодариме, почитувани алгоритми и компјутери.

13. Ќе се претвориме во облак од податоци кој ќе кружи низ планетата како тенка газа

Додека веќе имаме потешкотии да им се опишеме физички на другите, нашиот глобален фантомски и информациски двојник ќе се покаже подеднакво досаден како нас: нашите навики на купување, посети на интернет страниците, појавувањата на скриените камери – сето тоа работи за да создаде виртуелно суштество кое можеби и нема да го препознаеме како себе си.

14. Можете да се „заебете“ во напорите да останете индивидуалец

Вие станувате јазол во интернет појасот. Не се обидувајте да се залажувате дека можете да останете романтичарски осамен поединец. За новиот поредок, вие сте само непријатен израсток, брадавица. Нема излез.

15. Ќе се појават ѓубришта со предмети од 20-от век кои ќе го преполнат пазарот

16. Арктикот ќе стане како Антарктикот – сечиј/ничиј простор

Кој го поседува Антарктикот? Секој и никој.

17. Северна Америка може лесно да се подели на неколку блока

Квебек ќе реши тивко и мирно да ја напушти Канада. Калифорнија ќе се подели на две држави, фискална и не-фискална. Куба ќе стане одморалиште полно со оружја. Соединетите Држави на Омразата ќе создадат коалиција.

18. Нашето чувство за време ќе продолжи да се намалува. Годините ќе ги чувствуваме како часови

19. Секој ќе се чувствува како тебе

Постои една мала утеха во ваквата ситуација.

Продолжува...

Даглас Копланд (1961) е писател и уметник кој живее во Ванкувер, Канада. Автор е на десетина романи и книги. Неговите дела се преведени на триесетина јазици од светот.

Извор: theglobeandmail.com

ОкоБоли главаВицФото