Песимистички водич за иднината 2

13.10.2010 11:53
Песимистички водич за иднината 2

Вториот дел од песимистичкиот водич кој ни го открива обликот на нештата кои допрва треба да дојдат, со соодветни објаснувања и цинични коментари чија задача е да ни помогнат да ја сфатиме заебаната иднина.

20. Ќе стане полесно да објасниме зошто сме такви какви што сме

Многу од она што сега нè прави да бидеме она што сме ќе се објасни преку отривањето на структурните и хемиски функции на мозокот.

21. Соништата ќе бидат поубави

22. Осаменоста ќе биде поподнослива

23. „Бркањето“ партнери ќе стане уште помеханичко

24. Ќе стане потешко да го гледаме својот живот како „приказна“

Начинот на кој го дефинираме сфаќањето на себе си ќе продолжи да се минимизира преку новите начини на дружење. Потребата нашиот живот да биде една приказна ќе изгледа како чудна и застарена. Нашите животи ќе станат бројката на пријатели што ќе ја имаме на интернет.

25. Некои постоечки медицински состојби ќе се гледаат како секвенцирани дефекти

26. Изградениот свет сè повеќе ќе продолжува да изгледа како Microsoft пакет

„Летам над Феникс, и градот изгледа како истуткан пакет од 2006 MS Digital Image Suite“.

27. Општиот музички вкус ќе ги урне сите пречки

28. Луѓето кои ги одбиваат новите технологии ќе бидат гледани како пасивни-агресивни изроди кои сакаат да ги заробат луѓето во својот свет, налик на оние вегетаријанки од раните 1980-ти

1980: „Не можеме да одиме во тој ресторан. Карен е вегетаријанка и таму нема ништо за неа.“

2010: „Во кој ресторан ќе одиме? Не знам. Карен требаше да ми каже, ама нема мобилен, па не можам да ја прашам. Ми се смачи од нејзиното однесување. Ајде да одиме некаде и да не и’ кажеме каде!“

29. 1990-те ќе ви недостасуваат повеќе отколку што сте си мислеле

30. Глупавите луѓе ќе бидат на одговорни позиции за да бидат заменети само од уште поглупави луѓе

31. Новоговорот ќе се претвори во пандемија

Зборовите кои ќе бидат усвоени од технологијата засилено ќа навлегуваат во секојдневниот говор и граматиката.

32. Луѓето ќе престанат да се грижат за тоа како изгледаат пред другите

Бројката на племенски категории може да се зголемува до бесконечност. Да употребиме аналогија од средно училиште – пред 40 години постоеја само фраери и бубалици. Денес имаме металци, готик, емо, панкери, рапери, хип-хопери, цвикераши, кремови, шмизли итн. итн.

33. Да знаеш сè ќе стане срамно

Сè започна многу грациозно – на вечерата за шест лица, некој прашува за некој јапонски филм од 1997. А ти воопшто не можеш да се сетиш на филмот.

34. ИКЕА ќе се претвори во уште попродуховено прибежиште

35. Иднината на политиката ќе биде уште повнимателно вметнување слики во умовите на гласачите кои не можат да се избришат

36. Ќе поминуваме доста време купувајќи преку интернет од нашата затворска ќелија

Преголемата криминализација на населението, споена со триумфот на купувањето како доминантна културна активност, ќе создаде свет каде двата пола на општеството ќе бидат затворот и купувањето.

37. Стигнувањето до работното место ќе донесе нови предизвици

Преполни патишта, преполни автобуси, телохранители на секој чекор, грабнувања, исплашени селани, крадци на органи, егзибиционисти и многу „чист“ воздух.

38. Нашите соништа многу повеќе ќе наликуваат на Google Street View

39. Конечно ќе ја прифатиме очигледната вистина дека самите сме си виновни за ова

(крај)

За првиот дел, кликнете овде.

Даглас Копланд (1961) е писател и уметник кој живее во Ванкувер, Канада. Автор е на десетина романи и книги. Неговите дела се преведени на триесетина јазици од светот.

Слика. Евгениј Соловјев

Извор: theglobeandmail.com

ОкоБоли главаВицФото