Како да се води телевизиска програма

16.12.2010 14:21
Како да се води телевизиска програма

Беше тоа восхитувачко искуство кога Академијата на науки на Островот Свалбард ме повика неколку години да го проучувам населението на Бонгите, цивилизацијата која се има развиено помеѓу Непознатата земја и Среќните острови.

Бонгите прават исто што и ние, но покажуваат необична склоност кон комплетирање на информациите. Не знаат што е тоа претпоставка ниту што е тоа имплицитно. На пример, ние почнувам да зборуваме и очигледно е дека користиме зборови, но немаме потреба да го кажеме тоа. Еден Бонга кој му се обраќа на друг Бонга најпрвин ќе каже: „Сега нешто ќе кажам и ќе користам зборови“. Ние ќе изградиме куќи и потоа (со исклучок на Јапонците) ги обележуваме со броеви, ги запишуваме имињата на станарите, ги означуваме катовите. Бонгите на секоја куќа едноставно ќе напишат „куќа“, а потоа со соодветни ознаки ги обележуваат тулите и ѕвончето, а покрај вратата ќе напишат „врата“. Ако заѕвоните на вратата на господинот Бонга, тој ја отвора и вели: „Сега ја отворам вратата“. Ако ве повика на вечера, ви го покажува местото за масата и ви вели: „Ова е маса, а ова се столовите!“ Потоа триумфално најавува: „Еве ја келнерката! Ова е Розина. Таа ќе ве праша што ќе порачате и ќе ви го донесе вашето омилено јадење“. Истото се случува и во рестораните.

Интересно е да се набљудуваат Бонгите кога одат во театар. Во салата се гаси светлото и се појавува глумецот кој вели: „Ова е завеса“. Потоа завесата се крева на сцената и глумците излегуваат да ја одиграат, на пример, Хамлет или Вобразениот пациент. Но тука секој глумец и’ се претставува на публиката со име и презиме, а потоа и со името на ликот кој ќе го глуми. Кога глумецот ќе ја заврши репликата, тој најавува: „А сега, пауза!“ По неколку секунди друг глумец го кажува својот текст. Излишно е да се каже дека на крајот на првиот чин глумецот истапува напред и објавува: „А сега следи пауза“.

Најголем впечаток ми имаат оставено нивните музички спектакли кои, како и нашите, се состојат од вербални сцени, песни, дуети и балет. Кај нас е обичај двајца комичари да ја изведат својата точка, и потоа едниот од нив да интонира некоја арија и сцената да ја препушти на симпатични девојки со балетска нумера, само колку за да здивнат гледачите; кога ќе заврши балетот, глумците повторно се појавуваат. Кај Бонгите е поинаку: најпрвин двајца глумци објавуваат дека следува комична сцена, потоа кажуваат дека нешто ќе отпеат во дует, прецизирајќи дека тоа ќе биде од шеговит карактер, а на крај глумецот кој последен останува на сцената најавува: „А сега, балет!“. Најмногу ме зачуди тоа што за време на паузата на завесата се појавуваа реклами, како кај нас. Откако ќе ја најави паузата, глумецот задолжително ќе каже: „А сега, реклами!“.

Долго се прашував од каде им е таа опсесивна потреба од прецизирање. Можеби послабо разбираат, си велев себе си, и ако некој не каже „сега те поздравувам“, не сфаќаат дека некој ги поздравил. Мислам дека делумно сум во право. Но постои и друга причина. Бонгите имаат култ кон театарот, и затоа мораат сè да претворат во представа, дури и она што е имплицитно.

За време на мојот престој кај Бонгите, имав прилика да ја реконструирам историјата на ракоплескањето. Претпоставувам дека во древните времиња аплаудирале од две причини: или затоа што биле задоволно од убавата претстава или во чест на личноста која исклучително ја почитуваат. Со силината на ракоплескањето се покажувало колку некој е сакан и почитуван. Порано, итрите импресарија, за да ги уверат гледачите во вредноста на театарската претстава, во публиката уфрлувале платеници кои аплаудирале и кога немало причина. Кога се појавија телевизиските програми, Бонгите во студио ги носеа роднините на организаторите и со помош на светлосен зрак (невидлив за гледачите) ги известуваа кога треба да ракоплескаат. Набрзо гледачите го открија трикот и кај нас аплаузот е потполно дискредитиран. Но не и за Бонгите. Публиката од дома ќе посака да аплаудира и Бонгите во толпа упаѓаат во телевизиското студио, спремни да платат, само да ракоплескаат. Некои дури и посетуваа посебни курсеви. Бидејќи сите веќе знаеа, во одредени моменти водителот гласно ќе најавеше: „А сега, еден убав аплауз“. Наскоро гледачите во студиото почнуваа да аплаудираат и без бодрењето на водителот. Беше доволно да го праша својот гостин со што се занимава и овој да му одговори, на пример: „Ја одржувам гасната комора во локалната кафетерија“, па да екне силен аплауз. Понекогаш, како кај нас во сцените на Петролини, водителот нема ни да стаса да отвори уста и да каже „добро вечер“, а веќе после „добро“ во студиото воодушевено би заплескале. Водителот само што ќе изговореше: „Еве нè, како и секој четврток“, а публиката не само што ракосплескаше туку и се изнемоштуваше од смеење.

Аплаузот до таа мерка стана неопходен што и во рекламните спотови, штом панаѓурската фигура ќе изговори: „Купете го средството за слабеење Пип“, одекнува бесконечен аплауз. Гледачите пред телевизорот знаеја дека во студиото пред водителот нема никој, но аплаузот е потребен за програмата да делува убедливо, инаку ќе сменат канал. Бонгите бараат телевизијата да го прикаже вистинскиот живот, таков каков што е, без илузии. Публиката е таа која ракоплеска, (која е како и ние), а не глумецот (кој фингира), значи, тие се единствена гаранција дека телевизијата е прозорец кон светот. Токму сега подготвуваат програма составена исклучиво од глумци кои аплаудираат, ќе се вика Телевистина. За да не ја изгубат врската со реалниот живот, Бонгите аплаудираат во секоја прилика, и надвор од телевизијата. Аплаудираат и на погреби, не затоа што се задоволни или да му угодат на покојникот, туку за да се чувствуваат како сенки помеѓу сенки, да се почуствуваат живи и реални, како сликите од телевизискиот екран. Бев во една куќа кога одеднаш влезе човек и објави: „Пред малку баба ми ја зароби еден камион!“ Сите станаа и му заплескаа.

Не можам да кажам дека Бонгите вредат помалку од нас. Напротив, еден од нив ми кажа дека имаат намера да го освојат светот. Дека овој проект не е само платонски, се уверив по враќањето во татковината. Навечер го вклучив телевизорот и го здогледав водителот кој ги представуваше своите помошнички, потоа го најави изведувањето на комичниот монолог и на крајот рече: „А сега, балет!“. Еден отмен господин кој дискутираше за актуелните политички проблеми со друг, исто така отмен господин, во еден момент го прекинува разговорот и вели: „А сега мала пауза за реклами“. Некои водители дури и ја најавуваа публиката. Други, пак, телевизиската камера која ги снимаше. Сите аплаудираа.

Поразен, ја напуштам куќата и заминувам во ресторан познат по својата nouvelle cousine. Келнерот ми носи три листа салата. И ми вели: „Ова е мешавина на лангобардска марула и ситно сецкана рикола, зачинета со морска сол, нашиот лековит оцет и нерафинирано маслиново масло од Умбрија“.

Ах, како ова потсеќа на

Ах, како ова потсеќа на нашиов Грујоленд и на грујовизиите и на личниот ни нарцисоиден Николае Грујабе:
За време на мојот престој кај Бонгите, имав прилика да ја реконструирам историјата на ракоплескањето. Претпоставувам дека во древните времиња аплаудирале од две причини: или затоа што биле задоволно од убавата претстава или во чест на личноста која исклучително ја почитуваат. Со силината на ракоплескањето се покажувало колку некој е сакан и почитуван. Порано, итрите импресарија, за да ги уверат гледачите во вредноста на театарската претстава, во публиката уфрлувале платеници кои аплаудирале и кога немало причина. Кога се појавија телевизиските програми, Бонгите во студио ги носеа роднините на организаторите и со помош на светлосен зрак (невидлив за гледачите) ги известуваа кога треба да ракоплескаат. Набрзо гледачите го открија трикот и кај нас аплаузот е потполно дискредитиран. Но не и за Бонгите. Публиката од дома ќе посака да аплаудира и Бонгите во толпа упаѓаат во телевизиското студио, спремни да платат, само да ракоплескаат. Некои дури и посетуваа посебни курсеви. Бидејќи сите веќе знаеа, во одредени моменти водителот гласно ќе најавеше: „А сега, еден убав аплауз“. Наскоро гледачите во студиото почнуваа да аплаудираат и без бодрењето на водителот. Беше доволно да го праша својот гостин со што се занимава и овој да му одговори, на пример: „Ја одржувам гасната комора во локалната кафетерија“, па да екне силен аплауз.

Ете уште едно добро име за

Ете уште едно добро име за царството на императорот Гревски: БОНГАДОНИЈА.

 Значи овие испраниве го

 Значи овие испраниве го исполитизираа окно до максимум, дај одете пишувајте им на сајтовите на вмро аман више не дробете срања и не коментирајте на секоја статија, иди полемизирај и дебатирај во политика не во колумните за живот, култура, музика и слично. 

ОкоБоли главаВицФото