Што нè очекува во наредната деценија

17.09.2010 14:05
Што нè очекува во наредната деценија

Списанието Forbes објави интересни предвидувања од областа на политиката, технологијата, енергетиката, медицината и општеството за настаните на светско ниво во наредната деценија. Ако се остварат барем дел од нив, пред нас претстои бурно десетлетие.

Новинарите и соработниците на познатото списание се служеа со вистински податоци, проекции и факти за на читателите да им ја претстават иднината што ги очекува за десет години.

Политика

Стручњаците на Forbes предвидуваат дека во текот на 2011 г. ќе умре водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ил, и дека ќе го наследи неговиот син, Ким Џонг Ан (29). Според нивните проценки, постои реалната можност дека под водството на новиот претседател оваа конзервативна земја да ги обнови трговските односи со САД.

Влијанието на Кина во меѓународните односи значајно ќе порасне веќе во 2014 г. Во тој случај оваа азиска земја би можела да постави балистички ракети со висок дострел во Судан.

Силата на исламските движења исто така ќе расте, па екстремистичката група Ал Шабаб ќе го наметне своето влијание преку пиратските операции во Аденскиот залив во 2012 г. Се предвидува и дека во 2020 г. муслиманите од Малдивските острови ќе тргнат во борба на Шри Ланка и дека војската, по којзнае кој пат во историјата, ќе мора да ги зауздува верските пресметки.

Демократијата би можела да биде значајно засилена преку можноста за интернет гласање на изборите во 2016 г. Ваквиот систем на гласање за првпат ќе биде применет на претседателските избори во САД, но се очекуваат чести и несоборливи докази за измами.

Истата година, во светот на политиката ќе влезе уште еден член на семејството Клинтон, ќерката Челзи. На мандатот како сенаторка таа ќе стап како првата бремена жена која ја извршувала таа функција.

Најдолгата американска копнена војна официјално ќе заврши во 2018 г. со повлекувањето на последните американски војници од Авганистан, што значајно ќе влијае на угледот на САД во светот.

Медицина

Во склад со напредокот на медицината ќе напредуваат и вирусите. Веќе во 2012 г. би можел да се појави нов вирус на туберколоза која е отпорен на сите постоечки лекови. Стручњаците на Forbes проценуваат дека во случај вирусот да се појави во Мексико (како што неодамна беше случај со Х1Н1 вирусот), границата меѓу САД и оваа земја би била затворена, заради спречување на ширењето.

Најголемиот производител на лекови во светот Pficer ќе се распадне во 2014 г. на неколку мали фирми, а една година подоцна фармацевтскиот гигант Novartis ќе произведе лек против аутизмот.

Во наредните пет години научниците ќе успеат да произведат вештачка сперма од матични клетки, па веќе во 2016 г. би можело да се роди првото бебе зачнато на овој начин. Ваквото откритие ќе им даде нова надеж на лезбејските бракови, но и ќе го намали значењето на мажите во општествените односи.

Животниот век на Американците во 2018 г. опаѓа за првпат после сто години. Лекарите ќе ја обвинуваат дебелината која во иднина ќе зафати 55% од населението.

Кон крајот на идната деценија, американската Федерална агенција за лекови го одобрува првиот робот за оперирање тумори. Стапката на излекување во одредени случаи пораснува за 20%.

Технологија

Информатиката несопирливо напредува и во наредното десетлетие. Цената на информацијата расте, а научниците ги уриваат границите во човечките можности.

Според прогнозерите на Forbes, до откритијата би се дошло преку следниов временски распоред:

2011: Руските научници разоткриваат џиновска американско-израелска шпионска мрежа.

2011: Terrafugia Transition, летечкиот автомобил, излегува во продажба по цена од 200 000 долари.

2012: Apple се наоѓа под истрага поради монопол на пазарот за персоналните сметачи.

2014: Маринците тестираат десетици илјади HULC3 специјални одела на војниците во Авганистан кои ја зголемуваат отпорноста и силата.

2016: Американската прва виртуелна компанија се отвора во Јужна Каролина. Минимално платени луѓе работат како обезбедување или собирачи на злато во интернет игрите.

2018: Најбрзиот воз во светот стигнува од Пекинг во Париз, уривајќи го рекордот во брзина од 483 км/ч.

2019: Стиви Џобс, извршниот директор на компанијата Applе, заминува во пензија. И’ остава 50 милијарди долари на фондацијата „Гејтс“. Џонатан Ив доаѓа на негово место.

2020: Првиот приватен вселенски брод со двајца мажи и две жени слетува на Месечината. Virgin Galactic, компанијата која прва организира комерцијални летови во вселената, ќе наплаќа по 200 долари од билет.

Економија и финансии

Добитник на берзанските натпревари во наредната деценија ќе биде Фејсбук. Оваа интернет друштвена мрежа веќе во 2012 г. би можела да достигне вредност од дури 40 милијарди долари. Нејзиниот основач Цукерберг на тој начин би станал првиот човек со неполни триесет години кој ќе има повеќе од 10 милијарди долари на банкарската сметка.

Кралот на индискиот пазар Мукеш Амбани, според предвидувањата на Forbes, до 2014 г. би можел да го заземе првото место на листата најбогати луѓе со богатство од 62 милијарди доари.

Невработеноста во САД во 2018 г. конечно ќе падне под 7%.

Општество

Општествата ќе претрпат сериозни промени уште наредната година, кога бројот на жители на планетава ќе достигне до седум милијарди. Исто така, идната деценија би можела да биде прогласена за Деценија на еднаквоста на половите.

Сепак, најзначајни промени би можеле да се случат на полето на екологијата. Ако ловот на загрозените животински видови продолжи со истиот ритам, веќе во 2013 г. ќе биде истребена туната со син опаш, а компанијата која ќе има најголеми залихи од замрзната риба ќе ја зголеми нивната цена за десет пати.

Зголемувањето на нивото на морето нема да ги загрози само крајбрежните градови, туку и водата за пиење. Се проценува дека во 2015 г. Бангладеш ќе поднесе барање за заем од 8 милијарди долари до Светската банка за градење фабрики за десалинизација за водата.

Новото десетлетие би можело да отвори нови можности за вегетаријанците и борците за правата на животните. Лабораториското месо ќе им застане на патот на кланициите во 2017 г. кога сочните стекови ќе се одгледуваат во епрувети и ќе се продаваат по евтини цени.

Ситуацијата се менува и по прашањето на правата на хомосексуалците. Кина, чија власт моментално е заколнат противник на геј браковите, во 2020 г., поради недостатокот на жени, би можела дури и да го поттикнува склопувањето истополови бракови.

Енергетика

И во иднина нафтата ќе предизвикува проблеми на светската политика. Доколу односите меѓу Израел и Иран дополнително се влошат, цената на нафтата вртоглаво ќе порасне во 2012 г., а можно е дури и Иран да го затвори морскиот премин Хормуз во Персискиот залив.

На првото место на максимално искористените „зелени“ енергии ќе се најде соларната во 2015 г.

Истата година, германско-алжирскиот конзорциум DesertTech вложува околу 500 милијарди долари во облик на мрежа од соларни плочи во пустините на Северна Африка.

Новата генерација нуклеарни рекатори ќе заживее во 2016 г. кога САД ќе изградат еден во Грузија.

Екслоатацијата на растителните ресурси во производството на етанол ќе биде усовршена во 2017 г., па цената на овој енергенс ќе биде пониска од онаа на бензинот и без субвенции од владите.

Првиот голем експеримент со нуклеарна физија ќе започне во 2019 г. во Франција, и ќе даде нова надеж за откритијата на неограничено еколошки чистата енергија.

Крајот на идното десетлетие ќе го одбележат борбита за вода. Кина тогаш ќе отвори џиновска хидроелектрана на реката Брамапутра на Тибет, а Индиско-пакистанската унија ќе се заканува со војна.

Извор: forbes.com

ОкоБоли главаВицФото