Курбан бјрм

07.03.2019 17:55
Курбан бјрм

 

Во Македонија е евтина картата за театар пошо цела држава е театар за џабе.


Имање стандарди се коси со македонскиот авантуристички дух.


Резилке, кажи како да се води проста и широка народна маса?


Системите за контрола и надзор детектираа дека има демократија.


Тапшин тапшин рамена...


Кога Наумовите ќе Стивнат.


Курбан бјрм.


Колку идиоти се потребни за читање вести на ТВ?


Ако ја пратам платата по пиво нема да ми стигне до наредната недела.


Демек сиромаштија, а сите носат по две исти кондури.


Банкnaughty.

 

Посебен круг во пеколот за олимпијци.


Пеколот е делив со девет.


Извини, Пандора, мислев дека си Сезам.


Ја знаеш Харизма? На Хумор помалата?!


Марија Антоанета, тортата е за гости!


Пјер и Марија Кири биле многу радонзнали.


Врв на незаинтересираност: Ватеверест.


Широка палети производи од Допаминка.


Гевгелија е тип на човек. Ако не ми веруваш прашај го старион џумбушлија.


Толку долго не сум била во Битола, срам ми е да го погледнам Пелистер у очи.

 

Изгубен е интерес. Кој ќе го најде... - сеедно.


Задремал е убаво име за апчиња за спиење.


Смртта е уметност во крим техника.


Кафето не ми збори додека не се напијам од него.


Откога посакав да станам лилјак сѐ ми тргна наопаку.


Јакната со две лица мисли дека не гледам дека е превртлива.


Акустичен рефлекс е пуштен на условно.


Носач на звук и носач на авиони се тужат околу старателство над звучниот ѕид.

 

Мислам дека сум ваква зашто знам колку е сѐ на сѐ.


Ама Вие сте убава однатре, Ваше Множество.


Ми дијагностицираа дека имам познавања и сега примам информации за тоа.


Да бе, со наука да се бавам... Си имам попаметна работа.


Ја сакам множината само за себе.


Идеја падавичарка е изложена на Саем за опасности.


Имање Јас е имање Својство.


Перфекционист до тој степен што ништо не прави во животот.


Еднина, множина и своина.


Прокрастинација со сѐ иде.


Де ме не мислиш, де не ме мислиш. Многу си непостојам.


Слики: Julie Cockburn

 

ОкоБоли главаВицФото