ПичПрич на 8 март

08.03.2019 16:33
 ПичПрич на 8 март

Вечерва во 20 часот, во Кино Милениум ќе се одржи четвртото осмомартовско издание на ПичПрич – вечер на раскажување женски приказни, на тема „Влакна“.

ПичПрич ја промовира женската усна историја, нормализирајќи ги женските искуства и преземајќи го јавниот простор.

Оваа година на ПичПрич настапуваат професорката и авторка Елизабета Шелева, активистката за правата на трансродовите лица и сексуалните работници Лила Милиќ, писателката и активистка Мима Симиќ од Хрватска, мировната активистка Албулена Карага, авторката и новинарка Марија Ратковиќ од Србија, како и режисерката Софија Ристевска.

ПичПрич е авторски концепт на Ана Василева и Румена Бужаровска, а се изведува во организација на Тииит!Инк, со поддршка од Фондацијата Квина тил Квина и Холандската амбасада во Скопје.

 

ОкоБоли главаВицФото