Ањес Варда (1928 – 2019)

30.03.2019 12:44
Ањес Варда (1928 – 2019)

Наградуваната режисерка и сценаристка Ањес Варда и една од клучните фигури на францускиот нов бран почина на 29 март во својот дом во Париз на 90 – годишна возраст.

Во 2018 година, Ањес Варда била номинирана за Оскар за нејзиниот патеписен документарен филм „Лица, места“ (Faces Places), кој го реализирала заедно со францускиот фотограф и муралист Џеј Ар (JR), со кој патувала по селата во Франција, среќавајќи ги локалните жители, слушајќи ги нивните приказни и правејќи нивни портрети.

Позната е по филмовите „La Pointe Courte" (1954), „Cléo from 5 to 7" (1961), „Vagabond" (1984), „Jacquot de Nantes" (1991), „The Gleaners and I" (2000). Ањес Варда се занимавала и со фотографија и правела уметнички инсталации. Фокусирана на документарен реализам, ја коментирала општествената стварност и особено се занимавала со феминистички прашања.

Родена е на 30 мај 1928 година во Белгија, Ањес Варда е добитничка на голем број награди како што е наградата на Европската филмска академија за животно дело, Златна палма за животно дело на филмскиот фестивал во Кан, која ѝ беше доделена во 2015 година и Варда е првата жена која го добива ова признание.

Кон крајот на 2017 година ѝ беше доделена и почесната награда на Американската филмска академија за придонес за филмската уметност и повторно стана првата жена која го добила ова признание.

Активна и покрај тешката болест, Ањес Варда на минатото Берлинале го претстави нејзиниот последен филм „Varda by Agnes”, а доби и почесна награда за камера. Инаку фестивалот во Берлин учествувала четири пати во трката за Златна мечка, а во 1965 година добила Гран при на жирито за филмот „ Le Bonheur“.

„Варда си замина, но Агнес ќе остане тука. Интелигентна, жива, духовите, смешна, мила, комична, неочекувана како и нејзините дела", изјави поранешниот претседател на филмскиот фестивал во Кан, Жил Џејкоб, додавајќи дека филмовите на Варда се француско национално богатство. „Национално богатство: она на францускиот дух“, рече тој.

Извор: Variety

 

ОкоБоли главаВицФото