Човекојадците и македонскиот политичар

08.04.2019 16:23
Виц икона

Разговараат тројца човекојадци. Првиот вели:
– Пред некој ден изедов еден Англичанец, слаб, исушен, тврд како ѓон. Одвај го дојадов!
Вториот:
– А јас изедов Германец. Дебел, мрсен, дебелогаз. Ми се згади!
Третиот:
– Е, јас минатата недела јадев вистински деликатес! Посебна сорта: македонски политичар. Почнуваш од главата, а таму место мозок, путер! Доаѓаш до кичмата, нема коски! А кога ќе дојдеш до задникот – внатре наоѓаш уште петмина!