Сон на љубопитникот

10.04.2019 10:28

На Ф.Н.

Ја познаваш ли и ти болката полна сладост,
и за тебе ли велат: „Тој е особен човек!“
-Умирав. Душата ми се полнеше со радост,
но желбата се мешаше со ужасот зловест,

а стравот со надежта, без побуна и тага.
Од песочникот течеше сѐ побргу песок
и таа мака ми беше сѐ повеќе драга;
моето срце од светот се делеше лесно.

Јас бев како мало дете што ја мрази страсно
завесата - претставата таа му ја крие...
Но студената вистина се укажа јасно:

без изненада бев мртов и со покров глекав
ме обвиваше зора. -Што? Само тоа ли е?
Ја кренаа завесата а јас уште чекав.

Препев: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото