Убавина

03.11.2021 17:05

Убава сум, о смртници, како сон од мермер
а моите гради, што да допрат знаат грубо,
создадени се да родат во поетот љубов
што е како материја, без збор и без време.

Сфинга сум загадочна под небесната стреа;
белина на горд лебед и срце имам ледно;
го мразам движењето што го разбива редот;
не познавам ни горчлив плач ни радосна смеа.

Гледајќи ми ја вишната и гордата става
- за која кипови древни ми дадоа поттик -
поетите долги проучувања ќе прават;

зашто, за власт над тие љубовници кротки,
имам огледала убост што прават од гнасност:
моите очи од кои блеска вечна јасност!

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото