Точката ѝ рекла на запирката

19.04.2019 15:01
Точката ѝ рекла на запирката

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја и Дарко Настески.


Тања Аждаја
Точката ѝ рекла на запирката: Ти здивот ми го земаш, знаеш ли?


Дарко Настески
А запирката на точката: ти ме прекинуваш во сѐ.


Тања Аждаја
После тебе празно место остана.


Дарко Настески
Отвори нов ред да се разбереме...


Тања Аждаја
Ќе одам кај прашалникот и извичникот; тие ме гледаат ко дел од себе.


Дарко Настески
Пази да не се лизнеш на три точки.


Тања Аждаја
Мајмунче (@) влегува во реченица и скока од фраза во фраза со помош на ' " ' "


Дарко Настески
Внимавајте на главата од апострофите! И тирѐто да не вѝ се забие во абдоменот.


Тања Аждаја
[[се оградувам од одговор(ност)]]


Дарко Настески
Најфраерски е со жива ограда.


Тања Аждаја
На врв брда жива ограда мрда.


Дарко Настески
Зад седум брда, реченица грда.

Слики: Jasper Johns

 

 

ОкоБоли главаВицФото