Не глумев, тоа беше фатаморгазам

24.06.2019 00:59
Не глумев, тоа беше фатаморгазам

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Зоран Ристовски, Марија Каева, Јосиф Јаневски, Бранислав Николов, Александар Ристовски, Владимир Мартиновски, Оливера Ќорвезироска и Горан Танчевски.

 

Тања Аждаја
Не глумев, тоа беше фатаморгазам.

Зоран Ристовски
Fato mori душманке.

Марија Каева
Ти се припичило.

Тања Аждаја
Ма не, само ми се пичинило.

Јосиф Јаневски
Сите истото го глумат, т.е. не го глумат.
Кој не те знае, мори аждае.

Тања Аждаја
Аждаја курАж даја.

Бранислав Николов
Оргазми од сите земји, обединете нѐ!

Тања Аждаја
Обебинете нѐ!

Бранислав Николов
О, бејби, ете нѐ!

Тања Аждаја
Ех... ама после ждребење нема кавалење.

Бранислав Николов
И после едрење нема кајакарење.

Тања Аждаја
Мислиш после бедрење.

Бранислав Николов
Мислам... Мислам, значи не постам.

Тања Аждаја
Не, не ми иде, убаво си кажа... После бедрење немаааа... карање?!

Бранислав Николов
Ти напиша во постот - после карање да нема оргазмичко варање.

Тања Аждаја
EITHER љуби ме OR газам.

Бранислав Николов
Разочаран љубовник би рекол:
Оди сеа, или јадам!

Тања Аждаја
Хомер слатки Хомер.

Бранислав Николов
Хумор слатки Хумор.

Владимир Мартиновски
Пиејќи Фанта, фантомот прави фанторигами.

Тања Аждаја
Пиејќи Кокта, коктелот прави fuckториели.

Владимир Мартиновски
Пиејќи боза, розата прави фруктоосмоза.
Пиејќи го осмото Узо, инспекторот Клузо веќе мисли дека е Робинзонос Крусо.

Тања Аждаја
Читајќи бајки, флорофилот гради синтаксни тралалајки.

Владимир Мартиновски
Пиејќи Мартини, Мартин Идн заборави дека постои зборот „Извини“.

Тања Аждаја
Правејќи галама, Васко де Гама сврте кон Алабама.

Владимир Мартиновски
Пиејќи расипана расолница, Солзица осојница ја нарече присојница.

Владимир Мартиновски
Мезејќи салама од лама, Васко де Гама стигнал и до Панама.

Оливера Ќорвезироска
Луциднолози низаедни!

Тања Аждаја
Јадејќи тулумба, Пумба од зумба прејде на румба.

Владимир Мартиновски
Џвакајќи еклер, Клер вози во лер, а на радио врти Малер.

Тања Аждаја
А па Шер на ролер ни мавта небаре Бодлер!

Владимир Мартиновски
Пиејќи седми Шток, Боб Рок го заболе што пробил и осми рок.

Тања Аждаја
Лукаш со Дедлајна по глава го мајна,
пискотници појдоа од Темза до Рајна.

Оливера Ќорвезироска
Лексиколоџија - шпајз за зборови.

Тања Аждаја
Лекторката со правопис над глава ни виси,
јас кратам дропки, она сака клиси.

Владимир Мартиновски
Лексиколокија - вокабулар на локачи.

Тања Аждаја
Флексикологија - гимнастичка сала за зборови.

Владимир Мартиновски
Плексикологија - речник со стомачни плочки.
Млексикологија - фонд на зборови кои најдобро се изговараат со предни млечни заби.

Тања Аждаја
Склексикологија - фонд на зборови од кои се паѓа на г'з.

Владимир Мартиновски
Елексикологија - енциклопедија со преизборни ветувања.
Хелексикологија - речник со кротки зборови кои смируваат и те успиваат.

Тања Аждаја
Ќе речам само: Ексикологија.

Владимир Мартиновски
Ај да напишеме таков речник!

Тања Аждаја
Речник од речници! Рачунај на мене. Или речунај, како и да е.

Владимир Мартиновски
Ексикологија - фонд на зборови за раскинување.
Ексикологија (второ значење) - Зборови со кои сме им се обраќале на нашите бивши.

Тања Аждаја
Го резервирам Шексикологија за задната страна.

Горан Танчевски
Фатаморгана е појава при подолга суша. А фатаморгазам?

Тања Аждаја
При подолга влага.


 

ОкоБоли главаВицФото