Клукајдрвчето дрвоодделенче

17.06.2019 10:08
Клукајдрвчето дрвоодделенче

Во разговорот учествуваат Тања Аждаја, Александар Ристовски, Лазар Аврамовски, Горан Танчевски, Кирил Ачко, Оливера Ќорвезироска, Перо Георгиев и Бранислав Николов.

 

Тања Аждаја
Клукајдрвчето од паркот ќе биде дрвоодделенче од септември.


Александар Ристовски
Цела недела у парк, за викенд да одмори у школо.


Тања Аждаја
Веќе му купиле и букар.

 

Лазар Аврамовски
И копаничарски прибор, да не го делат од другите...

 

 

Тања Аждаја
Така брат му го испуштија па се пренасочи на политика и стана плукајдрвец.


Александар Ристовски
За пусто перје.


Лазар Аврамовски
Нејќеа да го кљукаат уште од мал, затоа.


Тања Аждаја
Абе и политика си е добра гранка, али малце китењето со туѓо перје не им чини.
Чекај... Ене го сега си пее: Јато јато мое злато.


Александар Ристовски
Абе кој го шишарка, ние сме си среќни во кафезот.

Горан Танчевски
Уште од мал беше хилтоглав.
Знаеше што се добри вибрации.


Тања Аждаја
Затоа сака да стане даболекар.


Горан Танчевски
Не му се учеше па стана даборезец.


Тања Аждаја
Зрнорезец храбар.


Горан Танчевски
Летечка хилта.


Тања Аждаја
Кју клукс клун.


Горан Танчевски
ККК? По вера се ВерВеричките.
Овој повеќе е по производство на иВер.
Сфати дека тврдоглавоста е најважна за успех.
Доби стипендија од Black & Decker. Останатото е историја.


Кирил Ачко
Куродрфчето.


Тања Аждаја
Епа сеа... Клукај што си надрвил!


Оливера Ќорвезироска
Врвоодделенке низаедна!


Перо Георгиев
Секој дрвооделенец сам дупка си копа.


Бранислав Николов
Кукајдрвчето, а.к.а жална врба.


Тања Аждаја
Куклајдрвчето, а.к.а Пинокио.


Бранислав Николов
И сукајдрвчето а.к.а. сукалото да заигра.


Слики: Adhika Rahmani

 

 

ОкоБоли главаВицФото