Посебен круг во пеколот за олимпијци

09.03.2019 13:12
Посебен круг во пеколот за олимпијци

Во разговорот учествуваа Тања Аждаја, Милан Дамјаноски, Бранислав Николов, Ненад Георгиевски, Горан Танчевски и Трако Џиков.

 

Тања Аждаја
Посебен круг во пеколот за олимпијци.


Милан Дамјаноски
Олимписки квалификации во Чистилиштето.


Тања Аждаја
Во Предворјето се квалификациите.


Бранислав Николов
За пеколот олимпиското знаме е со девет круга.
И најјаката дисциплина е деветобој.


Ненад Георгиевски
Има девет кругови со препони?


Бранислав Николов
Во препони само два овали чувам :)


Тања Аждаја
И еден почесен круг со пречки, Ненад.

 

Ненад Георгиевски
Тања, за маратонците нешто има?
Сефте?


Тања Аждаја
Статуетка Вергилиј на распнување.

Горан Танчевски
Дали олимпијците во пеколот треба да го носат претседателот на националниот олимписки комитет на грб?


Трајко Џиков

Пеколимпијада.


Тања Аждаја
Генерален спонзор: Пеко.


Трајко Џиков
Официјален појадок на шампионите: Пеколино.


Тања Аждаја
И други производи од пеколошко потекло.


Трајко Џиков
Без АДОТиви.


Тања Аждаја
Може да содржи трагичности од соја и други адкасти плодови.


Трајко Џиков
А бе знаеш како велат: „Од кол на кол, пекол“.


Тања Аждаја
Ќути, сега измислија и припреми – Пеколада го викаат настанот, има неколку круга возење Морбитрек во пар. Ако е изедначено се игра Луциферка. Врие спортисти на настанот.


Трајко Џиков
Со-тоналитет еден, божествен Блудцифер ги означи злигрите за злотворени!


Слики: Хиеронимус Бош

 

ОкоБоли главаВицФото