Наместо со билет, Холанѓаните плаќаа воз со читање на книга

09.05.2019 23:58
Наместо со билет, Холанѓаните плаќаа воз со читање на книга

Холандските љубители на книгата викендов можеа бесплатно да користат воз низ целата земја, како дел од традиционалната годишна прослава на книгата.

Секоја година, почнувајќи од 1932 година, Холандија го организира настанот Boekenweek – денот кога се прославува литературата со разни фестивали и книжевни настани низ целата земја.

Традиционално, познат холандски автор пишува посебен роман како ткн. „неделен подарок“ кој бесплатно им се дава на луѓе кои купуваат книги за време на свеченостите или се пријавуваат во библиотеката.

Холандската железничка компанија, веќе долго време е спонзор на годишните прослави – па дури и организира книжевни настани со врвни автори во своите возови.

„Добро е да се видат сите оние среќно изненадени лица на патниците”, рече авторот Јан Сибелинк кој годинава е избран за главен писател на манифестацијата. Тој се качи на воз за Утрехт за да ги запознае патниците и да чита делови од своја книга.

Од железничката компанија, пак, потсетуваат дека читање е еден од омилените начини да се троши време во воз.

Извор: https://www.radiomof.mk

Слични содржини

Европа / Балкан / Култура / Музика

ОкоБоли главаВицФото