Акробатската мува

17.05.2019 12:40
Акробатската мува

Иако досадни, куќните муви се извонредни биолошки примероци – доволно силни да понесат до половина од нивната телесна тежина, и, како што веројатно сте забележале во обидот да смачкате некоја, особено брзи и пргави. Во неговиот краток филм од 1910 г. Акробатската мува, пионерскиот британски природонаучник и филмаџија Ф. Перси Смит ги изложува јачината и умешноста на куќните муви, снимајќи една од нив како жонглира со предметчиња, вклучително и тапа и минијатурен тег. Можеби најимпресивна е секвенцата каде мува ротира топка заедно со уште една мува која балансира врз неа, како малечок циркуски акт.

 

 

Извор: aeon.co