Половина час во длабока шума два месеци го штити вашиот имунитет

28.05.2019 00:10
Половина час во длабока шума два месеци го штити вашиот имунитет

Секој барем еднаш во животот уживал во убавините на природата шетајќи во шума. Тоа е причина зошто некои луѓе одлучуваат да живеат во шуми или покрај нив и зошто други луѓе патуваат илјадници километри за да шетаат во шумите во Редвуд, прашумите во Костарика или Еквадор.

Меѓутоа, научници од Јапонија откриле дека традицијата која се нарекува Шинри-иоку или „капење во шума“ сѐ уште е силна, а зошто е така, причините се од биохемиска природа.

Имено, истражувачите утврдиле дека престојот во шума го подобрува природниот имунитет, кој е важен за спречување на ракот но и други хронични болести.

Како се случува тоа?

Кога научниците ги тестирале луѓето пред и по двочасовна прошетка во шума кај сите, освен кај една личност, нашле 50 проценти повеќе Т-зрнца. Имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност, како и бистрина во главата.

Шумските дрвја и растенијата во околината емитуваат „антимикробни органски соединенија со растителни деривати кои се нарекуваат фитонциди, за да ги уништат габичките и бактериите“. Габичките и бактериите можат да бидат проблем за нашиот имунолошки систем, а се покажува дека ни дрвјата не ги сакаат.

Шумските стебла често се стари стотици, ако не и илјадници години. Дрвјата и другите растенија ја усовршиле заштитата, односно соединенијата кои можат да ги убиваат габичките и бактериите. Кога шетате во шума вашиот здив се соединува со овие компоненти. Ефектот трае околу два месеци.

Да речеме, кога шетаме во шума ние се капеме во нејзиниот природен имунитет. Нурнати сме во „фитохемискиот“ имунолошки систем на шумата.

Професорот Кинг Ли од одделението за хигиена и јавно здравје Нипон, од медицинското училиште во Токио, ѝ ја претстави оваа приказна на американската научна писателка Ени Лени Филипс.

Во статијата има попрецизни информации за ефектите на специфични хормони, вклучувајќи ги и ефектите на норадреналинот и ДХЕА на стресот и адипонектинот. Имено, пониското ниво на адипонектин е поврзано со дијабетесот тип 2 и гојазноста.

Извор: https://www.6yka.com/

ОкоБоли главаВицФото