Моите пети

09.08.2019 13:21

Сè уште сум млада,
сè уште можам да ги гледам од автомобилот
работниците на работ од патот
што стојат безделнички.
Чекаат
земјата да се стресе,
рапавите кори да се подујат,
и сами од себе да никнат
мостови и патишта.
Можеме да чекаме заедно -
моите пети се
млади
и сè уште
еластични.

Превод. Лидија Димковска

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото