Шкарт: Секој има свој ритам на будење

14.09.2019 01:03
Шкарт: Секој има свој ритам на будење

Шкарт е колектив кој настанал околу 1990 година на Ахитектонскиот факултет во Белград, а го основале Драган Протиќ и Ѓорѓе Балмазовиќ. Колективот сака да експериментира во своите дела, а најмногу во поезијата и дизајнот, кои се преплетуваат со бројни елементи на перформансот, од улични агитации и рецитации па до настапи ширум Европа со аматерски хорови од кои дел исамите ги основале. Својата методологија на работа ја нарекуваат „архитектура на човечки односи“ – низ постојани судири внатре во колективот кои ги следат од самиот почеток, обидувајќи се да извлечат нови вредности. Како дизајнери, визуелни уметници и поети иницирале и учествувале во многу проекти, од бројните самоиздадени книги на својата поезија, кои често ги делеле на минувачите на белградските улици, преку дизајнирање на разновидни публикации за издавачката куќа на независното радио Б92, проектирање визуелни идентитети и обликување корици на книги за повеќе библиотеки, до дизајнирање на повеќе броеви на важното книжевно списание „Реч“...Од самиот почеток на деведесеттите беа многу активни во разновидни активистички иницијативи на граѓанското општество, кои директно се спротивставуваа на воената пропаганда и на национализмот на политичката олигархија. Активизмото и општесвената освестеност станаа темелни одредници на нивната работа, како и универзалниот хумор со кој е обележано речиси секое нивно дело. Во 2010 година ја претставуваа Србија на Венециското биенале за архитектура.

Вашето заедничко дејствување започало во 1990 година на Архитектонскиот факултет во Белград, додека двајцата како јадро на групата „Шкарт“, студиравте таму. А бидејќи не доаѓате од сферата на дизајнот, што е тоа што ве „втурна“ во дизајнот? Со оглед на тоа што отсекогаш се занимавате и со поезија, дали делумно беше желба своите песни да ги обликувате и визуелно?

Протиќ: Архитектурата, едноставно кажано, е заземање, одземање и преобликување на физичкиот простор. Никош не сум имал доволно самодоверба за такво нешто, а и за други работи. Затоа сум охрабрен од оваа наша мала орда во Шкарт, наместо кон масата за проектирање, тргнав во друга насока, во неосвоените територии на поезијата, музиката, теренската работа...Тука секако влегува и дизајнот, односно неговото подрачје на рабовите помеѓу „студената пустош на хартијата“, како што вели Арсен (Дедиќ) и перформативните форми. Експериментите во визуелната печатена поезија ни беа првата станица.

Балмазовиќ: Во применетиот дизајн „официјално“ нè вовлече нарачката што ја добивме, еден наш пријател беше алпинист и нè замоли да направиме маици и плакати за експидицијата на Килиминџаро. На алпинистите многу им се допадна тоа што го направивме и нè препорачуваа на сите. Така почнавме посериозно да се занимаваме со графички дизајн.

Печатени материјали за поетските вечери „Песничење“

Заедничкиот елемент што ги обединува вашите дела кои се во сферата на дизајнот, на визуелната комуникација, уметничките инсталации, поезијата, музиката и уште по нешто, е перспективата на општествениот активизам и ангажиран хуманизам. Се препознаваат паралаели и со авангардните уметници кои ја интерпретирале стварноста на сличен, апсурдно хумористичен, но горчлив начин. Кои автори конкретно ги чувствувате како блиски?

Протиќ: Тргнавме од различни страни. Мене, кога завршував основно училиште, ме отвори панкот со својата „направи сам“ естетика, со мојата другарка од одделението Наташа имавме собен бенд Весели утописти, кој аутистично, настапуваше само во орманот и на полињата надвор од градот; со друга другарка Мица – правевме уникатни плакати за непостоечки концерти. Подоцна го открив супрематизмот на Маљевич и руската авангардна динамика и агит пропагандата, минимализмот на Лучио Фонтана, широкото поле на делување на Богдан Богдановиќ, во чијашто селска куќа бевме последните ученици, па југословенската неоавангарда, естетиката на партизанските, акцијашките и работнич самиздати...Значи, го поминав цел тој заобиколен круг за да сфатам дека главни соговорници и блиски ми се културните активисти и активистки кои не се качувале по уметничко – естрадните скалила и кои работат на невидливи адреси.

Балмазовиќ: Јас во дестството бев прилично конзервативен. Цело време играв кошарка и цртав. Кога бев веќе студент, најголемо влијание врз мене изврши мојот сосед, др. Ласло Патаки, педијатар, човек кој зборуваше многу јазици и кој беше извонреден познавач на современата уметност, на филозофијата и музиката. Многумина автори ми беа инспиративни но не би можел ниту еден да наведам по има. Од секого земав тоа што ќе ми се допаднеше. Моментално особено ме инспирира Gerard Paris Clavel од колективот „Ne pas plier“ (некогаш основач и член на групата Grapus), како и Cactus Network Collective од Лондон. Жерар е модернист на 21 –от век, брилијантен мислител и дизајнер, а Cactus се извонредни активисти, жестоки и интелигентни. Тие ми се и пријатели. Значи пријателите ми се инспирација. Исто така се восхитувам на делата на Младен Стилиновиќ, неговите дела се ликовна поезија. За жал, тешко се копира.

Делење на „Таги“ на Железничката станица во Белград

Ако вашиот досегашен опус, претставен на „полу- ретроспективната“ изложба „Шкарт: полувреме“ одржана во Белград во 2012 година, се гледа во целина, впечатокот е дека поединечните дела во кој било медиум, се како делови од севкупен проект на развивање на хумана, цивилно освестена граѓанска заедница. Дали е тоа нешто што свесно го правевте или со време произлезе од различните проекти што ги работевте?

Протиќ: Тоа всушност беше изложбата „во полувреме“ во времето кое во текот на изминатите 25 годии е постојан процеп и полупростор помеѓу војната и вонредна состојба во држава која ја води полусвет, во заедница која негува полусвест. Самите дела, несвесно, ги следеле историските текови низ кои поминувавме. Низ соработката со различни политички и активистички групи, како што се Жени во црно, Медија центар, Радио Б92, Центар за културна деконтаминација, Културен центар REX итн. Учевме дека отпорот има разни свои форми и дека треба да се поддржи токму во таа негова разнородност. Најтажно е да се гледа кога некоја добра идеја, порака, гест или движење имаат недоволно добри или уште полошо, технички небитно површно изработени чекори на „финалното“ излегување на светлината на денот. Со многумина сме се бореле околу тоа дека не е важно само тоа што ќе се одлучи на состанокот, меѓу истомислениците, туку е важно да се изненадат и да се превлечат непознатиот минувач. Но, тоа е веќе друга приказна.
Балмазовиќ: И еднто и другото. На почетокот не бевме премногу свесно – делата излегуваа интуитивно како реакција на настаните околу нас. Подоцна, на крајот на деведесеттите години, почнавме да размислуваме и делата излегуваа малку поретко, но се надеваме дека беа попаметни. Не можам да пресудам колку ги унапредуваат и подобруваат односите меѓу луѓето и придонесуваат за изградба на подобро, похумано (би го избегнал зборот „граѓанско) општество. Но секако ние се залагаме за такво општество.

Едно комплексно, но нужно прашање за контекстот – што за вас, на почетокот на 90 –тите години во Србија (и поранешна Југославија) испрплетена со национализмот, значеше општествениот, имплицитно политичкиот ангажман со помош на средставата на дизајнот и уметноста? Како се поврзавте со граѓанските иницијативи и културни здруженија за кои ги дизајниравте материјалите и со кои ги осмислувавте акциите?

Балмазовиќ: Сè околу нас се распаѓаше и ние реагиравме на тоа, меѓу останатото и со поезија и слика. Се обидувавме нашата порака да биде читлива, а покрај тоа редовно одевме на демонстрации. Политиката не е привилегија на политичарската класа, која почна да се формира на почетокот на деведесеттите и денес е класа за себе. Политика е занимавање со сопствениот живот. Од самиот почеток национализмот ни беше одвратен. Национализмот е страшна болест против која треба постојано да се бориме. Заради тоа во делата се обидуваме да бидеме јасни и да не заобиколуваме. А како се запознавме со разни активистички иницијативи? Ншата пријателка Нада Петронијевиќ – Човиќ, новинарка на Студио Б, нè запозна со храбрите и штотуку основаните Жени во црно и така почнавме да соработуваме. Во тие години, на почетокот на деведесеттите запознававме луѓе на демонстрациите кои беа чести. Белград не е голем а кругот на луѓето кој излегуваше на улица беше уште помал. А покрај тоа од 1991 до 1994 на улица продавав опозициски весници и така запознав уште повеќе луѓе и активисти.

Купони за среќа

Што се однесува до естетската компонента на вашите дела, дали ја развивавте интуитивно, користејќи специфични аналогни печатарски техники и алатки, или имавте и некои теориски темели блиски на постмодерниот дизајн на 90-тите, како „деконструкција“ на типографијата која е присутна во вашите дела?

Протиќ: Почнавме лоповски – случајно упаднавме на таванскиот простор на Архитектонскиот факултет каде имаше напуштено графичко ателје. Ја тргнавме пајажината, ги офарбавме ѕидовите, ги подмачкавме пресите и од професорот Елим Грујиќ почнавме да учиме класичн графички техники: бакропис, акватинта, блиндрук...Во тој занаетски графички процес околу 80 отсто е шкарт. Забележавме дека соржината на кантата за отпадоци повеќе нè интересира од испегланите отпечатоци за ликовните салони. Постмодерниот еклектицизам кој се случи уште во осумдесеттите години и подоцнежната маниристичка деконструкција, само ни го зацврстија ставот дека треба да се оди по својот пат, без оглед на хировитите помодности и сезонските допадливости.

Она што е исклучително важно за вашата пракса од самите почетоци е прифаќањето на грешката како легитимен резултат на работата, било како „неуспешен“ отпечаток или како човечка „грешка“ во музичко – сценско изразување. Дали со текот на годините тука нешто се промени?
Протиќ: Естетиката на грешката остана. Подоцна сфативме дека тоа е основно правило и во работата со другите заедници – пејачки, детски или пензионерски – да се почитува туѓиот исчекор и туѓата пауза. Секој има свој ритам на будење.

Балмазовиќ: Грешката е знак на човечност, а ние сме луѓе и не сме машини. Затоа грешките може да бидат убави.

„Таги“

„Архитектура на човечките односи“, вашата методологија и творечко мото, можеби е најочигледна во колективниот проект Хоркешкарт – аматерскиот хор и оркестар со кој снимивте неколку носачи на звук и настапивте во многу европски држави. Тој проект дури и вас ве надмина во смисла дека продолжи да еволуира и без директно влијание на Шкарт. Накратко, може ли низ приказната за Хоркешкарт да ни кажете и за развојот на меѓучовечките односи внатре во Шкарт?

Балмазовиќ: Тешко е да се биде краток во описот на Хоркешкарт. Сè што се случуваше во врска со тој хор се случуваше и внатре во самата група. Хорот произлезе од нашата желба да избегнеме една презентација на наши дела. Сакавме да направиме приредба со пеење, зашто презентациите ни се чинеа многу здодевни, затоа направивме отворена аудиција. Дојдоа педесетина млади луѓе, а ние им кажавме дека нема да има аудиција и дека сите се примени. Сакавме сите да можат да пеат, што и го остваривме отфрлајќи ја класичната аудиција. Сакавме да пееме на улиците, на сите, а не смао на концерите за музичката публика и исто така успеавме во тоа. Пеевме песни на обнова и изградба од социјалистичкиот период. Сакавме да не се заборави дека социјализмот има одлични страни, што тогаш никој не сакаше ни да го помисли. Меѓутоа, некои луѓе го разбираа тоа, дури и во земјите каде не разбираат српско – хрватски. Пеевме и ангажирани песни од цела Југославија, јас не се стеснувам да го користам тој термин. Ако може да постои Скандинавија, може и Југославија. Потоа и самите членови почнаа да прават песни, во добар дел на наша иницијатива. Потоа сакавме хорот да почне да работи и без нас, па по речиси седум години работа одлучивме да воведем самоуправување. Тоа помина одлично и се гордееме со тоа. Хорот убаво продолжи да се развива и без нас и денес постои и одлично звучи. Нема многу такви што нешто ќе почнат па тоа ќе му го препуштат на друг, особено кога ќе стане успешно.

Кажете ни збор два за „Песничење“, фестивалот на поезија и долгогодишната серија на поетски рецитаторски вечери кои се одржуваа ширум регионот, па и во Загреб, а вие сте помеѓу зачетниците. Како напредува „Песничење“ и до кои краеви допревте со поезија и како регира публиката во различните места?

Протиќ: Издадовме голем број книгички, имавме неброени гостувања ширум Југославија. По пет години престанавме со големи сценски настапи. Работиме мали, невидливи форми. Започнавме со серија настапи по гимназиските спортски сали во малите места каде настапуваат поети и најлуди бендови и локалните здружени на пензионери. Приредби во основните училишта, соседски песничења по дворови или кујни...Тоа се простори што нè интересираат паралелно со собирање архиви на виедо поезија. Публиката како и учесниците секаде имаат свои бои. Најлудо беше во Коњиц, на Камениот мост каде во организацијата учествуваше цел извиднички одред. Еднаш слушнавме дека некој посетител изјавил дека сака да умре на „Песничење“. Страшно!

Печатени материјали за Жени во црно

Јавен настап на Хоркешкарт

Вашиот меѓународно „највидлив“ настап беше претставувањето на Србија на Венециското биенале на архитектура, каде не смао што настапувавте на една институционална манифестација, туку претставувавте држава со чија идентитет многу пати бевте во конфликт. Дали ги имавте предвид тие околности кога ги осмислувавте своите дела и како тие влијаеа на творечкиот процес?

Балмазовиќ: Околу тоа учество имаше доста расправи во групата. Јас бев против зашто не сакав да ја претставуваме државата. Не го скам Венециското биенале токму заради тие државни павилјони. Прота беше за, а нашиот трет член Пера беше воздржан. На крајот сепак направивме компромис. Одлучивме да предложиме нешто што би можело да се користи и по Биеналето – игралиште на кое децата и возрасните ќе уживаат и подоцна, а не само на една репрезентативна манифестација. Тие клацкалки потоа патуваа и во Љубљана, Лондон, Врање, Нови Сад...едно време беа во Белград. На наша радост постојат копии на клацкалките во Битола, а речиси цело игралиште посоти во Нов Бечај, едно мало гратче во Србија.

Протиќ: Со оглед на тоа дека тогаш на павилјонот стоеше натписот „Југославија“, на отворањето го поканивме словенечкиот хор „Комбинатке“, кој заедно со нашиот „Проба“ изведоа сплет на југословенски, шпански, италијански и португалски антифашистички песни. Ечеше сè до морето, како што кажуваа минувачите! Да му се овозможи на хорот бесплатно да престојува во срцето на Венеција и да се поканат различни пријатели и пријателки за да на свој начин помогнат во поставувањето и да поминат една недела во Венеција беше вистинската мерка на општествено корисен престој.

Извор: dizajn.hr

 

Слични содржини

Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Свет / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото