13. издание на Недела на јапонски филм

28.10.2019 12:51
13. издание на Недела на јапонски филм

На 29 октомври  ќе почне тринаесеттото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија. Оваа година филмската недела за прв пат ќе патува и до Центарот за култура – Битола, а амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори „Неделата на јапонски филм“ во вторник, 29 октомври во 20 часот во Кинотека на Македонија.

Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од различни жанрови е за сите возрасти.

Програма: 

29.10. [Вторник]
20 ч. „Гласот на учителот“

30.10. [Среда]
20 ч. „Ошин“

31.10. [Четврток]
20 ч. „Рудолф црниот мачор“

01.11. [Петок]
20 ч. „Самурај мачка”

Центар за култура – Битола

05.11. [Вторник]
20 ч. „Гласот на учителот“
22 ч. „Ошин“

06.11. [Среда]
18 ч. „Рудолф црниот мачор“
20 ч. „Самурај мачка”