1010 hPa
88 %
13 °C
Скопје - Нед, 06.10.2024 03:59
Во Кинотека на Северна Македонија денес и утре (21-22 декември) ќе се одржува 14. Издание на „Анимакс Скопје фест” на кој во официјалната селекција ќе бидат прикажани триесетина анимирани филмови одбрани од над 1800 пријавени остварувања од светот.
Селектор на годинашното фестивалско издание е Диме Ратајковски, а членови на жирито кои ќе одлучуваат за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена тула се Илиана Петрушевска, Ева Камчевска и Саша Станишиќ. Мото на 14-тото издание на „Анимакс Скопје фест” е „Траење…”.
Директорот на фестивалот Кузман Кузмановски вели дека во речиси една и пол деценија постоење на „Анимакс” се пријавувале илјадници анимирани филмови од цел свет и најчесто биле наградувани или селектирани во официјална конкуренција анимирани филмови кои истата година добивале Oскар или други престижни награди.
„Антиципацијата за уметничкиот квалитет, универзалност и креативен потенцијал секогаш биле препознаени на „Анимакс” од стручното жири”, додава Кузмановски.
Проекциите ќе почнуваат во 20 часот. Влезот е слободен.
Извор: https://nezavisen.mk/