Разговор „Општество на спектаклот“ во Кавадарци

01.11.2019 13:04
Разговор „Општество на спектаклот“ во Кавадарци

Во понеделник, на 4 ноември, во 19:00 часот, во библиотеката „Феткин“ во Кавадарци, ќе се одржи разговорот „Општество на спектаклот“. Учесниците во разговорот Галапче Галапчев, Драги Неделчевски, Искра Гешоска, Никола Гелевски и Владимир Јанчевски ќе ги дискутираат различните димензии на медиумот на сликите.

По разговорот ќе биде одржана промоција на книгата „Сто насловни страници на Окно“ од Свирачиња.

Кавадарци е четвртиот во низата градови во кои во рамки на проектот „Медиумот е порака“ се одржуваат културни настани посветени на промислување на медиумите и културата. Првата група настани беше одржана во Струга, под наслов „Македонските медиуми: лудило во системот или систем во лудилото?“ и во Охрид, под насловот „Медиумот е порака (за медиумите, културата и идеологијата)“. Минатата недела во Штип се одржа разговорот „Книжевноста и медиумите“, а прослден со кратка промоција на новата книга „Десетте најдобри раскази на светот“, во издание на Темплум.


Проектот „Медиумот е порака“ се спроведува по повод 25 години од „Маргина“, списанието за култура, и 10 години од интернет порталот за култура „Окно“. Проектот има за цел да развие дискусија околу состојбата на медиумите и нивната улога и интеракција со останатите важни сектори во нашето општество. Притоа, особен фокус се посветува на односот медиуми-култура – нивната соработка, меѓузависност, функционалност. Проектот е поддржан од Министерството за култура, во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“.

ОкоБоли главаВицФото