Разговор „Сликата на другиот“ во Тетово

15.11.2019 12:22
Разговор „Сликата на другиот“ во Тетово

  Денес, 15 ноември, во Тетово, ќе биде одржан последниот настан од проектот „Медиумот е порака“ кој се спроведуваше изминативе два месеца, и имаше за цел да развие дискусија околу состојбата на медиумите и нивната улога и интеракција со останатите важни сектори во нашето општество. Дел од поводот за ангажирање околу ова прашање беше и одбележувањето на јубилејот 25 години од „Маргина“, списанието за култура, и 10 години од интернет порталот за култура „Окно“.

Во 19 часот, во LOJA-центарот за балканска соработка во Тетово, ќе се одржи раговор на тема „Сликата на другиот“. Во разговорот ќе учествуваат Искра Гешоска, Бојан Иванов, Драги Неделчевски и Елмедина Шафи. Разговорот ќе го води Никола Гелевски.

Пред разговорот ќе биде одржана промоција на книгата „Дванаесет македонски фотограф(к)и“ во издание на Темплум. Во книгата се застапени авторите Зоран Шекеров, Маја Аргакијева, Иван Блажев, Васе Аманито, Владимир Арсовски, Дејан Колевски, Билјана Јуруковски, Иван Илиев, Весна Каревска, Самир Љума, Лилика Стрезоска и Натали Башоски.

Издавачката куќа Темплум, во духот на проектот, ќе донира книги на LOJA-центарот за балканска соработка, обрнувајќи внимание на важноста на културните простори и нивниот потенцијал за еманципација.

Во рамки на „Медиумот е порака“ се одржаа настани во Охрид, Струга, Штип и Кавадарци.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“.

Слични содржини

Книжевност / Култура / Настан
Активизам / Графички Дизајн / Уметност / Настан

ОкоБоли главаВицФото