Портрети на инсекти

06.12.19 06:25

Фотографот Левон Бис (Levon Biss) имал богата фотографска кариера, кога почнал да се заситува од вообичаените теми како портрети на познати личности, рекламни кампања и слично. Бил во фаза на барање нова, невообичаена тема за своите дела, кога едно попладне, заедно со неговиот мал син, ставиле една бубачка под микроскоп и го откриле чудесниот свет на инсектите.

Применувајќи го своето знаење на фотографија на предмети долги само пет милиметри, Бис создал процес за снимање на инсекти во неверојатни микроскопски детали. Тој ги изложува овие портрети во повеќе европски градови - секој од нив се состои од 8 до 10,000 индивидуални снимки и ја споделува приказната за тоа како може да дојде инспирацијата од најневеројатни места.

Извор: microsculpture.net

Слични содржини

Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око
Фотографија / Екологија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото