Прислушкувач

12.11.2010 10:51
Прислушкувач

До ден денес во свеста на читателската публика сè уште не е продрено дека Елијас Канети, пред сè, е сатиричар и афористичар, игрив и комичен автор. Канети во „Прислушкувач“ го користи методот на опишување кој е основан од античкиот филозоф Теофраст. Елијас Канети ги прикажува карактерите небаре нема слушнато ниту еден збор за психологијата и социологијата – на пример, Истражувач на величини, Љубител на топли солзи, Луда по чаршафи – кои со самиот опис и понекогаш надреалните слики веднаш стануваат јасни и незаборавни. Канети стана невообичаен писател на кусата форма поради сфаќањата и искуствата при читање на неговите големи дела.

Елијас Канети е роден на 25 јули 1905 година во Русе, денешна Бугарија, во еврејско семејство со шпанско потекло. Во 1911 година со своите родители се сели во Англија, а две години подоцна – по смртта на неговиот татко – со мајка му во Виена. Таму студира природни науки и се стекнува со титула доктор по филозофија. Во 1938 година е принуден да ја напушти Австрија и, заедно со својата жена Веза, емигрира во Англија каде што го пишува и неговото главно социолошко дело „Маса и моќ“. Од доцните шеесетти живее на релација Лондон - Цирих каде што и умира во 1994 година.

Во 1981 година Канети ја доби Нобеловата награда за книжевност. Добитик е и на повеќе значајни книжевни награди во Германија: Герг Бихнер во 1972, Нели Закс во 1975, Готфрид Келер во 1977. Канети се има испробано во повеќе книжевни родови: роман, драма, патепис, афоризам, есеј, автобиографија.

„Прислушкувач“ (објавена 1974), претставува литерарно-психолошки опис на 50 различни карактери. Проучувајќи ги човечките недостатоци и настраности, карактерните особини и опсесии, Канети на еден многу духовит начин, преку играта на зборови, понекогаш дури и со помош на надреални слики, ја користи стара метода на Теофраст и и’ дава сопствен, модерен печат. Своето животно искуство и исклучителната моќ на забележување тој ја претвора во специфична стилска форма и на читателот му претставува цела една наука за типовите, заснована на моментални поетски снимки.

ОкоБоли главаВицФото