Во врска со компјутерот

12.11.2010 13:44
Во врска со компјутерот

Во овој вид однос поминуваме повеќе време отколку во кој било друг: со секоја наредна година, тој станува сè подлабок и се создава сè поголемо разбирање. Кога нештата ќе тргнат наопаку, ние паѓаме во депресија, нè обзема лутина и викаме на сиот глас, но сепак сме подготвени да потрошиме часови од своето скапоцено време за повторно сè да вратиме на старото.

Ако мислевте дека овде станува збор за вашата врска со некој ваш близок, тогаш не сте во право – се работи за вашиот компјутер. Во едно истражување спроведено во САД, дури 46% од испитаниците се изјасниле дека поминуваат повеќе време со компјутерот отколку со саканата личност, а 84% од нив утврдиле дека сега се позависни од компјутерот во однос на три години претходно. Се разбира, истражувањето е спроведено на барање на производителите на компјутери кои во иднина планираат односот меѓу луѓето и технологијата да го направат уште посилен и поблизок.

Научниците кои ги извршија тестирањата беа изненадени од силината на емоциите кои можат да ги предизвикаат проблемите поврзани со користењето на сметачот: дури 19% од испитаниците признале дека во моментот на дефект на компјутерот имаат потреба да го фрлат низ првиот отворен прозорец, а 9% од нив изјавиле дека притоа се чувствуваат осамено и напуштено. Истовремено, 11% од испитаниците биле принудени на користење пцовки поради расипаниот компјутер: 7% од нив тоа го прават гласно, а 3% притоа расфрлаат предмети наоколу (не е утврдено дали со нив маваат по присутните луѓе).

Иако повеќето производители на копјутерски софтвери и хардвери гарантираат за квалиетот на својот производ, се чини дека стварноста е сосем поинаква, бидејќи корисниците месечно трошат во просек дури по 12 часа за поправање разни дефекти и грешки. Колку луѓето се чувтсвителни на дефектите говори и податокот дека дури 48% од испитаниците се изјасниле дека попрво би им помагале на пријателите при преселба отколку да се зафатат со поправање на сметачот.

Откако добро ги проучиле податоците од истражувањето и се увериле во количината стрес која кај луѓето ја предизвикува работата на компјутерот, претставниците на компјутерските компании утврдија дека потребно е да се основаат посебни тимови кои постојано би им стоеле на располагање на корисниците со цел пружање стручна и психолошка помош.

Но се чини не се само луѓето оние кои реагираат на компјутерите. На некој чудесен начин и компјутерите реагираат на луѓето: уште од 1979 г. истражувачите на PЕАR програмата (Princeton Enegrineering Anomalies Research program) се обидуваат да го измерат влијанието на човечката свест врз овие уреди. Во седумте милиони тестови на соодносот меѓу луѓето и сметачите откриени се мали, но „статистички значајни“ знаци дека умот може да биде во сооднос, односно меѓусебно дејство со машините. Сепак, истражувачие се внимателни, бидејќи јасно им е дека оваа појава малку ја разбираат и не сакаат да избрзуваат со заклучоците.

Како што поминува времето, современата наука сè повеќе наликува на езотерија: се чини дека набрзо ќе мораме да извршиме огромна ревизија на дефиницијата за свесноста и на живите суштества ќе им ги додадеме и сметачите.

Веруваме дека преку спроведување на понатамошни научни истражувања ќе се утврди и поврзаноста меѓу луѓето и автомобилите, мобилните телефони, телевизорите и другите машини. Низ нивното секојдневно користење тие престанаа да бидат само помошни алатки и успешно навлегоа како наши составни делови – значи, ние сме нашиот компјутер, нашиот мобилен, нашиот телевизор...

Извор: novossti.com