Втора годишна стрип награда „ЛИФТ“

10.01.2020 13:30
Втора годишна стрип награда „ЛИФТ“

На вториот годишен конкурс за стрип наградата Лифт добивме дваесетина стрипови од 15 автори (всушност, од 18 автори, бидејќи три стрипови се потпишани од по двајца автори). Десет стрипови влегоа во конкуренција за трите награди, а петмината други автори „настапуваат ревијално“, надвор од конкуренција, бидејќи нивните стрипови беа претставени, преку изложба и публикација, во декември 2019, во рамките на Школата за ангажиран стрип водена од Ѓорѓе Јовановиќ.

Во продолжение ги претставуваме, со по една страница, сите пристигнати автори.

Резултатите од конкурсот ќе ги објавиме при крајот на месецов. Жирито е исто како и минатата година и го сочинуваат: Никола Гелевски, Јана Јакимовска, Ласко Џуровски и Владимир Битољану.

Во конкуренција за наградите застапени се следниве автори:

Џошкун Алиевски со стрипот „Hope“ (4 страници)

 

Филип Момиќ - „Синдром здрвување“ (6 страници)

 

Јована Велинова - "Reborn" (4 страници)

 

Александар Цветкоски (цртеж и сценарио) и Блажеј Атанасовски (сценарио) - „Мирен сон“ (5 страници)

 

Цанко Стефанов - „Вулгарин“ (5 страници)

 

Андреј Манев - „Ironheart“ (3 страници)

 

Александар Стеванов (сценарио, колор) и Дарко Богданов, (цртеж - молив и туш) - „Си беше еднаш еден човек“ (4 страници)

 

Кристина Кик Флип (цртеж) и Горјан Трајковски (текст) „-10С“ (2 страници)

 

Златко Крстевски - Егрегор (16 страници) 

 

 

Филип Велковски - „Neon youth“ (1 страница)

 

 

Надвор од конкуренцијата за награди свои стрипови ни испратија и:

Горица Димовска - Без наслов (6 страници)

 

Гаја Смилевска - „Немам раце“ (6 страници)

 

Анастасија Зафировска - Поглед“ (7 страници)

 

Александар Танчовски - „Невидлив“ (8 страници)

 

Делфина Велков - „50 години подоцна“ (1 страница).

Слични содржини

Општество / Стрип / Живот
Книжевност / Култура
Општество / Став / Култура

ОкоБоли главаВицФото