20+ интернет места со бесплатни кирилици

10.01.2020 15:17
20+ интернет места со бесплатни кирилици

Како вљубеник во типографијата, писмата и кириличните фонтови, многу често добивам прашања (или заклучоци) од типот „немам кирилични фонтови!“, „нема добри кирилици!“, „каде да најдам бесплатни фонтови“ и слично. Па еве да се обидам да дадам некој преглед од каде можете да преземате бесплатни* кирилични фонтови. Се разбира, ако имате можност можете и да купите некој, има навистина евтини, а добри кирилични фонтови.



1. http://dezen.mk/fonts.html - Македонскиот портал (или блог) за графички дизајн има голема база на фонтови и сите се со комплетна поддршка за македонски јазик. Секој чест за Даниел Јанев кој го води порталов и ги собира фонтовите за сите дизајнери од Македонија (и пошироко:)). Во последно време Дезен e поактивен на Facebook и таму објавува неколку фонтови месечно со директен линк за преземење https://www.facebook.com/dezenmk/

2. https://www.behance.net/LaskoDzurovski - Ласко Џуровски (Totem font) - најголемиот македонски мајстор на типографијата и правењето фонтови, дизајнерот на најпопуларниот македонски фонт Skola на својот Behance профил нуди за преземање лудница кирилици.

3.https://www.behance.net/gallery/14508699/TYPOKITCHEN-typography-workshop-%28free-fonts%29 -
Типокујна - во 2013 година беше одржана првата работилница за македонски кирилични фонтови. Creative Exchange во соработка со македонски професионален типограф Ласко Џуровски и Архитектонскиот факултет, ја организираа оваа работилница на која беа направени 12 нови македонски фонтови.

4. https://www.fontfabric.com/free-fonts/ - Официјалната страница на Fontfabric, од сите нивни супер фамилии на фонтови, нудат по неколку фонтови за бесплатно преземање. Кај речиси сите фонтови ги има сите македонски глифови.


5. http://www.mishapanfilov.ru/fonts.html - Фонтови направени од графичкиот дизајнер Миша Панфилов. Во моментот има 9 фонтови за преземање. Најчесто ги има сите македонски карактери (освен „ѐ“ и “ѝ“).


6. http://jovanny.ru/ - Free Fonts Project настанат по идеја на Ivan Gladkikh. Во соработка со повеќе други дизајнери понудени се педесетина бесплатни кирилици за преземање.


7. http://tipometar.org/tipometar/Poklanjamo.html - Типометар, српска веб страница на која се нудат десетина фамилии на уникатни фонтови направени во Србија. Најчесто ги имаат сите македонски карактери, дури и во italic верзиите се вклучени нашите правилни глифови за „д“, „т“, „п“, „г“ итн.


8. https://www.fontsquirrel.com/fonts/list/language/cyrillic - Огромна база на фонтови, во која има прилично богата категорија со кирилични фонтови - неколку стотици по груба проценка. Има и со македонски глифови, но има доста и без нашите карактери како „њ“, „љ“, „ј“, „ѕ“ и други. Вреди детално да се прегледа.


9. https://www.behance.net/search?field=44&content=projects&sort=views&time=week&featured_on_behance=true&search=Cyrillic - Дизајнерската социјална мрежа Behance нуди голем број на бесплатни фонтови, а меѓу нив и кирилици. Разгледајте убаво, шетањето по Behance секогаш е корисно за било кој/а дизајнер(ка). При пребарувањето внесете зборови како: free, fonts, Cyrillic… итн.


10. https://fonts.google.com/?subset=cyrillic
- Гугл и овде ја покажува својата големина: 107 фамилии на кирилични писма со околу 1000 фонтови. Единствена мака за нас е што во сите италик и ракописни фонтови ги нема нашите правилно напишани карактери за буквите „д“, „т“, „п“, „г“ итн.


11. https://www.fonts-online.ru/fonts/cyrillic - Стотици (накај илјадници, всушност) бесплатни фонтови. Често се случува да ги нема нашите кирилични карактери, но базата е огромна.


12.https://www.aatseel.org/resources/fonts/medieval_slavic_font.htm - Словенски средновековни фонтови - голема база на православни, словенски и црковни писма.


13. https://localfonts.eu/freefonts/traditional-cyrillic-free-fonts/ - Огромна база на фонтови, прилично добро категоризирани и визуелно презентирани, што придонесува за побрзо разгледување и бирање на потенцијалните фонтови за вашите проекти. Има категоризирано неколку подстраници за фонтови како на пример оваа со словенски средновековни фонтови, голема база на православни, словенски и црковни писма: https://localfonts.eu/freefonts/medieval-cyrillic-free-fonts/



14. http://fonts.4thfebruary.com.ua - На вебот на фирмата 4th February се наоѓа и по некоја бесплатна кирилица.


15.https://fontlibrary.org/en/searchlang=basic%20cyrillic&order= - Уште еден од порталите со бесплатни фонтови со добра база и на кирилични фонтови.


16. https://company.paratype.com/pt-sans-pt-serif Paratype public font - фантастичните PT Sans, PT Serif, и PT Mono - од мега фонт „фабриката Paratype!


17. https://fontesk.com/tag/cyrillic/?license=free-for-personal-use - Осум интересни кирилични фонтови.

18. https://type.org.ua/ - Украинска страница за бесплатни фонтови - слоганот на нивната страница е 400+ фонтови кои не мора да ги крадете. Имаат и одличен FB page https://www.facebook.com/FreeCyrillic/ (во моментов 05.02.2020 страницата се реконструира, да се надеваме дека бргу ќе проработи).


19. https://www.1001freefonts.com/russian-fonts.php - Илјадници фонтови. Има и цела категорија руски кирилици, но се случува тука да залетаат и фонтови кои немаат кирилица, тука имаат само „руски“ изглед. Сепак треба да се истражи :)

20. https://www.behance.net/gallery/62076049/Ekran-free-font - За крај, и еден мој бесплатен фонт инспириран од насловите во неделникот Екран, по што фонтот го носи и името.


Други големи font портали (некои имаат и кирилици):
https://www.dafont.com/
https://fontstruct.com/
https://thenorthernblock.co.uk/our-fonts
https://creativemarket.com/free-goods
https://www.fontfreak.com/
http://losttype.com/browse/
http://www.glukfonts.pl/fonts.php
https://www.1001fonts.com/cyrillic-fonts.html
https://www.1001freefonts.com/russian-fonts.php
http://www.abstractfonts.com/language/9/Cyrillic
https://www.fontspace.com/category/cyrillic
https://www.free-fonts.com/cyrillic
https://www.typedepot.com/fonts/
http://fonts.artill.de/
http://www.abstractfonts.com/
https://www.smashingmagazine.com/category/free-fonts
http://www.neogrey.com/fonts/
http://www.jeffreyschreiber.nl/
https://fontsov.com/cyrillic-fonts.html
https://www.fontspace.com/
https://www.theleagueofmoveabletype.com/
http://www.tenbytwenty.com/


Јас уживам дури и само разгледувајќи ги и анализирајќи ги сите овие фонтови, често пати ми се и одлична инспирација за некое лого, или за некој типографски проект. Се надевам дека и вие ќе уживате во истражувањето.


*Ова е преглед на бесплатни кирилични фонтови, но иако се бесплатни за преземање во молам да ги прочитате правата за користење; дали фонтовите се бесплатни и за комерцијална и за лична употреба; ве молам, користете ги на сопствена одговорност. 

Слични содржини

Графички Дизајн
Графички Дизајн / Култура / Уметност
Општество / Графички Дизајн / Историја
Графички Дизајн / Култура / Филм
Графички Дизајн / Култура / Историја

ОкоБоли главаВицФото