Земам парче леб и ноже на кое лежи малку путер

30.01.2020 19:14

Земам парче леб и ноже на кое лежи малку путер.

Оваа ноќ е гладна како волк, ние може само да завиваме. Те чекам во ќошето од кујната, кај што крпите се сушат на непостоечки ветер.

Гладен си, ама присуството не зборува ништо, не ветува никому никакво помирување.

Го збрцувам ножето во тишината, од неа одекнува само сјај и ја обелува ноќта. Си легнуваме гладни, а требаше да разговараме важни работи. Ни пречи што е светло, требаше да заборавиме на оваа ноќ. Да ја изедеме утробата на еден заминат временски интервал, како кога расекуваш интимно месо. И остануваш вчудоневиден како од него излегуваат одговори за кои не си подготвен.

Утредента пиеме кафе. Молчиме. Животот навидум продолжил. Сечениците по вратот на ноќта се претвораат во лузни и еден ден може некој ќе ги погали. Како кутре на кое никој не му дава име.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото